Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Приведени две лица во Дебар поради предизвикување пожар, следува соодветна пријава

Приведени две лица во Дебар поради предизвикување пожар, следува соодветна пријава

 

На 12.09.2025 во 21:30 и во 23:15 часот во Дебар, полициски службеници од Полициската станица Дебар ги лишија од слобода М.Ф.(41) и А.Р.(38), двајцата од Дебар. Тие се сомничат дека заедно со уште едно лице околу 19:30 часот предизвикале пожар на стрниште во Градскиот парк во Дебар. 


За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат интензивни мерки за пронаоѓање на третото лице. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава по член 288 од Кривичниот законик.

Мени за пристапност