Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Претрес во прилепско, пронајдени се стебла од канабис, приведено е едно лице

Претрес во прилепско, пронајдени  се стебла од канабис, приведено е едно лице

На 13.09.2025 во 14:20 часот во с.Бешиште, прилепско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Старавина и од ОВР Прилеп го лишија од слобода Д.Ј.(67) од Прилеп, со пресој во с,Бешиште. При претрес во неговиот дом во селото, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се стебла од растението канабис и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

Д.Ј. е задржан во Полициската станица Прилеп и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Мени за пристапност