Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со Црвенот крст на денеска (13.09.2025) во
градскиот парк кај фонтаната "Лотусов цвет", реализираше превентивно едукативна активност во рамки на одбележувањето на јубилејните 80 години од формирањето на Црвенот крст.
За време на кампањата во непосредна комуникација со посетителите беа презентирани кампањите "Внимавај, телефонски измами", "Превенција од имотни деликти", "Пожар 2025", при што на посетителите им беше поделен и едукативен материјал.