На 13.09.2025 во 02:45 часот, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Гостивар го лишија од слобода Ј.Л.(36) од Гостивар.
При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „опел" со гостиварски регистарски таблички, кое го управувал и при извршен алкотест констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1.61% промили алкохол во крвта.
Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува пријава по член 297 - а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило".