На 04.08.2025 околу 18:00 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Б.М.(31) од Сојузна Република Германија. При гранична контрола и проверка, односно при преглед во возилото „ауди“ со српски национални ознаки, кое го управувал, во неговиот личен багаж била пронајдена и одземена марихуана.
Лицето било предадено на полициски службеници од СВР Куманово и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.