Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

За еден месец 161 санкција за непрописно вградени фолии

За еден месец 161 санкција за непрописно вградени фолии

Во периодот од 01.07.2025 до 31.07.2025 Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе сообраќајни контроли на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возачи кои не ги исполнуваат пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата. При контролата санкционирани се 161 учесник во сообраќајот. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. 

 

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Мени за пристапност