Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Кривична пријава против две лица од струшко за сторено кривично дело "убиство" во обид

Кривична пријава против две лица од струшко за сторено кривично дело "убиство" во обид

ОВР Струга поднесе кривична пријава против В.Б.(36) и Д.У.(37), двајцата од струшкото село Корошишта, поради постоење основи на сомнение дека В.Б. сторил кривично дело ,,убиство“ во обид по член 123 став 1 во врска со член 19 од Кривичниот законик, а второпријавениот Д.У. сторил кривично дело „убиство“ во обид предвидено во член 123 став 1 во врска со член 19 и член 22 од Кривичниот законик.

Судија на претходна постапка на двајцата им определи мерка притвор од 30 дена, по што се спроведени во Казнено - поправната установа Затвор Охрид з аиздржување на мерката. На 02.08.2025 во 22.20 часот пред продажен објект на улица „Марк и Енгелс“ во Струга, Д.У. физички го нападнал А.А. (31) од селото Корошишта, додека В.Б. со нож му нанел неколку убоди во пределот на стомакот, а А.У.(38) од истото село  го повредил во пределот на раката.

Со интервенција на полициските службеници, напаѓачите веднаш беа лишени од слобода и задржани во ОВР Струга.

Мени за пристапност