Денеска (03.08.2025) околу 15:30 часот на ул. “Бутелска” во Скопје полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода И.И. (26) од с.Танушевци, скопско.
При контрола на возило “фиат дукато” со скопски регистарски таблички, управувано од И.И., било констатирано дека е натоварено со огревни дрва без документација. Возилото е одземено, а И.И. е спроведен во ПС Чаир.
Известена е Шумска полиција и по документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.