Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Министерството за внатрешни работи од 04 до 10 август се приклучува во европската акција на мерење на брзината на движење на возилата

Министерството за внатрешни работи од 04 до 10 август се приклучува во европската акција на мерење на брзината на движење на возилата

Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија како земја членка на РОАДПОЛ, од 04 до 10 август се приклучува во европската акција на мерење на брзината на движење на возилата која ќе се реализира низ цела Европа. 
Акциски контроли ќе се спроведуваат на територијата на цела држава со цел да се откријат возачи кои го управуваат возила со брзина поголема од пропишаната.

Министерството за внатрешни работи продолжува интензивно со сообраќајните контроли. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта. 
Да бидеме одговорни. Да ги почитуваме ограничувањата. Да спасиме животи.
Roadpol - European Roads Policing Network

Мени за пристапност