На 12.09.2025 во 09:40 часот, полициски службеници од Одделение за криминалистичка полиција при СВР Велес го лишија од слобода Џ.Х.С. од село Согле, општина Чашка.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се куршуми од различен калибар кои ги поседувал без соодветна документација. Џ.Х.С. е приведен во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.