Претседателот на Националната комисија за мало и лесно оружје, Горанче Савовски и членови на комисијата, на 09 и 10 декември учествуваа на 14. Регионален координативен состанок на кој се презентираа клучните резултати во спроведување на целите од Патоказот за одржливо решение за нелегалното поседување, злоупотреба и трговија со мало и лесно оружје, муниција и експлозиви во Западен Балкан до 2030 година.
На состанокот беа истакнати заложбите на нашата држава во усогласувањето на законската регулатива од областа на оружјето, муницијата и експлозивните материи со европското законодавство, како и зголемените напори и активности насочени кон откривање и спречување на нелегалната трговија со оружје.
Воедно, на 11 декември делегацијата учествуваше на 22. Регионален состанок на Националните комисии за мало и лесно оружје на земјите од западен Балкан, на кој беа споделени информации во однос на новините во областа во европската регулатива, како и нови технологии и закани поврзани со оружје и муниција, при што се разменија практики и искуства меѓу присутните делегации, во насока на подобрено функционирање и координација на активностите поврзани со контрола на МЛО.