Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишени од слобода возачи во Гостивар и Крива Паланка, управувале возила под дејство на алкохол, следува соодветна пријава  

Лишени од слобода возачи во Гостивар и Крива Паланка, управувале возила под дејство на алкохол, следува соодветна пријава  

 

На 11.12.2025 во 23:55 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слободаТ.З.(63) од Тетово. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,77 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица. 
На 12.12..2025 во 02:00 часот во Крива Паланка, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишија од слобода В.П.(22) од Крива Паланка. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со кривопаланечки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,56 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица. 
По целосно документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.

Мени за пристапност