Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Малолетник возел мопед во спротивна насока без дозвола во Велес и бегал од полициска патрола, пронајден е и лишен од слобода

Малолетник возел мопед во спротивна насока без дозвола во Велес и бегал од полициска патрола, пронајден е и лишен од слобода



На 01.09.2026 во 10:00 часот на улица „11 Октомври“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес забележале мопед кој се движи во спротивна насока, а возачот кога ги забележал полициските службеници го паркирал мопедот и побегнал. По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека мопедот го управувал 14-годишен малолетник од Велес. Со малолетникот бил извршен службен разговор во присуство на родител и претставник од Центар за социјални работи Велес. Мопедот бил одземен и по документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Мени за пристапност