Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишени се од слобода возачи во Тетово и Битола за управување возила под дејство на алкохол, во ресенско е запрен возач од Албанија, управувал возило со повеќе од двојно поголема брзина од дозволеното

Лишени се од слобода возачи во Тетово и Битола за управување возила под дејство на алкохол, во ресенско е запрен возач од Албанија, управувал возило со повеќе од двојно поголема брзина од дозволеното

На 08.10.2025 во 15:40 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Х.М.(37) од с.Врањовце, гостиварско. Претходно, тој со неговото патничко возило „фолксваген голф“ со гостиварски регистарски таблички на ул.„Страшо Пинџур“ во Тетово учествувал во сообраќајна незгода со друго возило „голф“ во која била причинета само материјална штета. При преземање мерки и вршење увид констатирано е дека тој е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,20 промили алкохол во крвта.

На 08.10.2025 во 21:23 часот на ул.„Филип Втори Македонски“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Д.Т.(43) од Прилеп. При контрола во сообраќајот, полициските службеници запреле возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки и при извршено алкотестирање констатирано е дека Д.Т. возилото го управувал со 2,29 промили алкохол во крвта.

На 08.10.2025 во 10:50 часот на на регионалниот пат  Ресен -  с.Стење, кај с.Горно Перово, полициски службеници од ОВР Ресен при контрола на патниот сообраќај констатирале дека С.Л.(34) од Албанија управувал патничко возило „бмв” со албански национални ознаки со брзина од 100 километри на час на место каде со сообраќаен знак брзината е ограничена на 40 километри на час.

По целосно документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило”.

Мени за пристапност