На (07.10.2025) од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје извршен е претрес на дом и други простории кај М.Ј (40) од Скопје.
При претресот пронајдени се две полиетиленски кесички со амфетамин, пет шишиња со течен амфетамин и компоненти за производство на амфетамин, дигитална вага со траги од кокаин и други прекурсори за производство на амфетамин.
Лицето е лишено од слобода и по документирање на случајот ќе биде поднесена Кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик.