Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишени се од слобода двајца штипјани во Струмица, кај нив е пронајден кокаин

Лишени се од слобода двајца штипјани во Струмица, кај нив е пронајден кокаин

На 08.10.2025 во 14:00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишија од слобода В.Ш.(37) и Е.Б.(39), двајцата од Штип. При преглед кај нив се пронајдени неколку пакувања со кокаин. Лицата се задржани во Полициската станица Струмица и со нив е извршен службен разговор. 

За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Мени за пристапност