Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишени од слобода две лица веднаш по извршено разбојништво во Скопје, следува пријава

Лишени од слобода две лица веднаш по извршено разбојништво во Скопје, следува пријава

Денеска (28.10.2026) во 15:35 часот во СВР Скопје С.В.(63) од Скопје пријавила дека од страна на две лица била физичка нападната, при што и била одземена ташна со пари, лични документи, мобилен телефон и други лични предмети, по што се оддалечиле.

 Веднаш по пријавата од страна на униформирани полициски службеници од ПС ОН Ѓорче Петров при СВР Скопје преземени се соодветни мерки и активности, по што лицата се пронајдени и лишени од слобода. Утврдено е дека станува збор за А.Х.(19) и 15 - сет годишен малолетник двајцата од Скопје.

 Лицата се предадени во Полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Мени за пристапност