Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Во акциска контрола констатирани 282 сообраќајни прекршоци, четири лица се лишени од слобода и одземени се две возила

Во акциска контрола констатирани 282 сообраќајни прекршоци, четири лица се лишени од слобода и одземени се две возила

На 25.10.2026 во периодот од 12:00 до 18:00 часот, Секторот за сообраќајни работи при МВР спроведе акциска контрола на територија на цела држава со цел контрола на возачи и возила.

При контролата констатирани се 51 прекршок во однос на возилата, од кои изречени се 19 мерки за технички неисправни возила, седум за управување со измината важност на сообраќајната дозвола.

Во однос на возачите констатирани се 231 прекршок, од кои 49 за непрописно паркирани возила, 49 за некористење сигурносен појас, 14 за возач почетник, 10 за користење мобилен телефон при возење.

Четири лица се лишени од слобода и времено одземени се две возила за сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Акциските контроли ќе продолжат и во наредниот период со цел зголемување на безбедноста и заштита на учесниците и патниците во сообраќајот.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со што заеднички ќе придонесеме за побезбедни патишта.

Мени за пристапност