Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишен од слобода 37-годишен возач во Кочани, возел нерегистрирано возило без дозвола и учествувал во сообраќајна незгода, по што го напуштил местото

Лишен од слобода 37-годишен возач во Кочани, возел нерегистрирано возило без дозвола и учествувал во сообраќајна незгода, по што го напуштил местото

На 28.10.2026 во 16:05 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода А.А.(37) од Кочани. Претходно, тој учествувал во сообраќајна незгода со патничко возило „бмв“ со кочански регистарски ознаки и го напуштил местото, а по преземени мерки бил пронајден при што било констатирано дека го управувал пред да се стекне со право на управување на моторно возило и со измината важност на сообраќајната дозвола.

За настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава.

Мени за пристапност