Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишени од слобода 12 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, седум возеле без положен возачки испит

Лишени од слобода 12 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, седум возеле без положен возачки испит

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Од нив, седум управувале возило без положен возачки испит и тоа: Л.П.(18) и И.Р.(25) двајцата од Скопје, Ф.Б.(32) и Е.И.(21) двајцата од с.Студеничани, скопско, Ф.Б.(38) од с.Пешталево, општина Долнени, Д.М.(26) од Прилеп и Ф.Љ.(22) од с.Чегране, гостиварско. Со активна забрана, возило управувале И.Т.(33) од с.Разловци, делчевско, Ф.Ф.(25) и И.Х.(36) од с.Пласница, општина Македонски Брод. Додека, под дејство на алкохол возеле М.Ј.(31) од с.Зелениково, скопско и Б.О.(32) од с.Доброште, општина Теарце, кој возел во спротивна насока на патот Гостивар - Тетово.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Мени за пристапност