Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 10 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив четворица возеле без возачка дозвола, од кои по еден во Берово, Гостивар, Битола и Скопје. По еден возач во гевгелиско и Делчево управувале возило со поголема брзина од дозволената, а еден возач во Неготино возел иако имал активна забрана за управување на патничко возило. Тројца возачи управувале возило под дејство на алкохол и тоа во Куманово, валандовско и гевгелиско. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.