Утре (05.04.2026), со почеток во 07:00 часот со затворање на сообраќајот во три временски интервали од по пет минути (од 07:00 до 07:05 часот, од 08:00 до 08:05 часот и од 09:00 до 09:05 часот), ќе се одржи трка во планинско трчање насловена „Водно-Матка Треилс 2026“, со стартно-целна позиција во комплексот „Македонско село“ и траса на движење по дел од јавниот пат од комплексот „Македонско село“ – село Горно Нерези (кај џамијата) по што трасата продолжува по планински патеки.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.