Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишени од слобода осум возачи за безобѕирно управување возило, од нив четири лица возеле без возачка дозвола, двајца под дејство на алкохол и двајца со забрана за управување на возило

Лишени од слобода осум возачи за безобѕирно управување возило, од нив четири лица возеле без возачка дозвола, двајца под дејство на алкохол и двајца со забрана за управување на возило

 

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода осум возачи за безобѕирно управување возило. Од нив четири лица возеле без возачка дозвола (по еден во Гостивар,  Гевгелија, Валандово и Битола).

По еден возач во Скопје и Прилеп управувале возило под дејство на алкохол и по еден возач во Битола и Кичево управувале возило со забрана за управување патничко возило. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Мени за пристапност