Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишен од слобода холандски државјанин на Граничен премин Табановце, во неговото возило се пронајдени скоро 1.000 електронски цигари исполнети со непозната материја

Лишен од слобода холандски државјанин на Граничен премин Табановце, во неговото возило се пронајдени скоро 1.000 електронски цигари исполнети со непозната материја

 На 12.09.2025 во 14:30 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода А.А.Р.(19) од Кралството Холандија. При гранични проверки и контрола на патничко возило „опел“ со германски национални ознаки, кое го управувал, пронајдени и одземени се 37 ќеси со вкупно 971 електронски цигари исполнети со непозната материја.  Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Мени за пристапност