Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Констатиран недостаток од скоро осум тони сув цвет од медицински канабис при контрола во правно лице за одгледување медицински канабис во струмичко, кривични пријави против правното лице и раководителот

СВР Струмица поднесе кривична пријава против правно лице од с.Борисово, општина Ново Село и против В.К. од с.Ново Село, со престој во Струмица, управител на пријавеното правно лице за сторени кривични дела по член 95-в став 1, односно член 95-в став 2 од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции. 

При извршена контрола во простории на правното лице каде што бил складиран сувиот цвет од медицински канабис, полициски службеници од СВР Струмица и службени лица од надлежната комисија при Министерството за здравство утврдиле дека има недостаток на документација поврзана со ангажираниот кадар, недостаток на друга задолжителна документација, како и недостаток на 7813,49 килограми сув цвет од медицински канабис, а за која количина пријавеното правно лице не располагало со соодветна документација и покритие.

Мени за пристапност