Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Фатени две лица при купопродажба на дрога во Битола

Фатени две лица при купопродажба на дрога во Битола

На 04.08.2025 во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода М.Д.(24) и В.М.(29), двајцата од Битола. Околу 19:00 тие биле затекнати при купопродажба на дрога, односно во моментот додека В.М. му продавал марихуана на М.Д, која била пронајдена и одземена.

 Подоцна, со наредба на Основен суд Битола, бил извршен претрес во домот на В.М., при што биле пронајдени и одземени марихуана, грутчеста материја, банкноти во различни апоени, како и мопед за кој постои сомнение дека е предмет на кривично дело.

По целосно документирање на случајот, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Мени за пристапност