Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Директорот Јанев на годишната конференција на IACP во Орландо: Зајакнување на меѓународната полициска соработка и борбата против организираниот криминал

Директорот Јанев на годишната конференција на IACP во Орландо: Зајакнување на меѓународната полициска соработка и борбата против организираниот криминал

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, учествуваше на Годишната конференција на Меѓународната асоцијација на шефови на полиции (IACP) во Орландо, САД, каде што оствари повеќе билатерални и мултилатерални средби со високи претставници на американските и регионалните безбедносни институции.

Во рамки на конференцијата, директорот Јанев оствари средби со Лесли Зиман, висока претставничка на Бирото за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законот (INL), Грегори Дукот, директор на ICITAP, и Стив Филдс, помошник-директор на ICITAP при Министерството за правда на САД.

Во фокусот на разговорите беа продлабочувањето на стратешката соработка, јакнењето на институционалните капацитети и унапредувањето на оперативната ефикасност преку побрза размена на информации, современи истражни методи, аналитичка обработка на податоци и можности за формирање заеднички оперативни тимови.

Посебен акцент беше ставен на зајакнувањето на меѓународната полициска соработка во борбата против организираниот и транснационалниот криминал. Директорот Јанев размени искуства и информации со полициски директори и високи претставници на безбедносните институции од регионот и пошироко, при што беше истакната важноста на меѓусебната доверба, координацијата и заедничкото оперативно дејствување.

Директорот Јанев оствари средба и со мајор Роберт Анзуето од Канцеларијата на шерифот Џон Мина на округот Оринџ, на која се разговараше за современите полициски практики, соработката со граѓаните и примената на новите технологии во полициското работење.

Во рамки на конференцијата, Јанев го посети и изложбениот дел, каде што се запозна со најновите решенија во областа на дигиталните технологии, вештачката интелигенција и безбедносната опрема, како можности за натамошна модернизација на македонската полиција.

Учеството на конференцијата претставува значаен придонес кон зацврстување на меѓународните партнерства, унапредување на оперативната соработка и јакнење на капацитетите за справување со современите безбедносни предизвици.

Мени за пристапност