Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

33-годишник од тетовско возел под дејство на алкохол во спротивен правец на патот Гостивар – Тетово, лишен е од слобода

33-годишник од тетовско возел под дејство на алкохол во спротивен правец на патот Гостивар – Тетово, лишен е од слобода

На 28.10.2026, по претходна пријава дека на патот Гостивар - Тетово патничко возило „шкода“ со тетовски регистарски ознаки се движи во спротивен правец, преземени се мерки и на наплатна станица Тетово полициските службеници го сопреле возилото и по извршени проверки било констатирано дека возачот Б.О.(33) од с.Доброште е под дејство на алкохол, односно му буле измерени 2,06 промили алкохол во крвта, по што е лишен од слобода. Полициските службеници ги лишиле и неговите сопатници А.Ј.(27) од с.Нераште и Н.А.(38) од с.Доброште затоа што агресивно и дрско се однесувале кон полициските службеници кои извршувале службени дејствија.

Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

Мени за пристапност