Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 09.05.2026

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

На 08/09.05.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода О.И.(31). М.М.(31), А.Р.(27), М.Б.(40), Ј.Ѓ.(32), Д.Х.(19) и 15-годишник, сите од Скопје, А.Д.(35) од с.Сарај, скопско и А.Д.(36) од Република Словенија затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите, против нив  ќе следуваат соодветни поднесоци.   


На 08.05.2026 во 11:05 часот на Граничен премин Блато, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Ф.М.(42) од Република Албанија затоа што при извршени проверки било констатирано дека е предмет на меѓународна потрага и евидентира со мерка апси по барање на Интерпол-Италија за сторени повеќе кривични дела. Лицето е предадено на полициски службеници од Полициската станица Дебар за понатамошна постапка. 


СВР Битола поднесе кривична пријава против А.М.(30) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,спречување на службено лице при вршење на работи од безбедноста“. На 05.04.2026, по претходно случена сообраќајна незгода, во која учествувал под дејство на алкохол, пријавениот агресивно се однесувал и се обидел да одземе службен пиштол на полициски службеник, кој извршувал службени дејствија. 


ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Ж.А.(50) Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. На 27.12.2025, пријавениот одзел паричник на едно лице во кој имало пари и лични документи, по што во два наврати со неговата платежна картичка имал неуспешни трансакции од банкомат и една успешна трансакција на бензинска станица. На тој начин на лицето му е причинета вкупна материјална штета од 36.000 денари. 


На 08.05.2026 во периодот од 20:30 до 22:35 часот, со наредба од основен суд Охрид, полициски службеници од СВР Охрид извршија претрес во домот на Т.П.(39) од Охрид. При претресот се пронајдени и одземени марихуана и дробилка со остатоци од марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 


ОВР Прилеп поднесе известување против ученик во средно училиште во Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „компјутерски фалсификат". Пријавениот, со лажно претставување дека е наставник по англиски јазик од основно училиште во Виница, креирал профил и стапил во контакт со вработена во Министерство за образование и наука, која му укажала дека разговорите со наставници не треба да се водат на социјални мрежи и му креирала официјална електронска адреса од Министерството за образование, му ги доделила лозинките од е-дневник како администратор од нејзината корисничка сметка, му соопштила да ги координира сите наставници. На тој начин пријавениот имал пристап до сите податоци од сите професори на ниво на државата, ги координирал и им помагал при водењето на електронскиот дневник. Во периодот од 2022 до ноември 2025 година, до моментот кога поранешната в.д. директорка го информирала пријавениот дека одредена професорка ѝ пријавила дека некој ги брише податоците од електронскиот дневник во училиштето, пријавениот ги избришал сите профили и акаунти од лажниот профил од социјалните мрежи, а исто така подоцна избришан бил и профилот oд службениот меил од МОН. 


На 09.05.2026 во 01:34 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Ј.Т. од Битола. Тој бил затекнат на плац на патот за с.Дихово,  битолско, при вршење на кражба на нафта од товарно возило. По целосно документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава. 


На 08.05.2026 во 19:50 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода двајца 16-годишни малолетници од с.Рогле затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. Известен е Јавен обвинител и со нив бил извршен службен разговор во присуство на родител. По цеосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 


СВР Велес поднесе кривична пријава против Љ.Т.(67) од Неготино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа“. На 26.02.2026, пријавениот снимал едно лице со телефон, а откако лицето го предупрелило да не го снима, тој го навредил поради неговата етничка припадност. 


На 08.05.2026 во 09:15 часот во СВР Велес, 42-годишен велешанец пријавил дека бил измамен за сум од 50.000 денари. Според пријавеното, тој преку социјална мрежа стапил во контакт со В.Б.(31) од Скопје, по што се сретнале и се договориле В.Б. да изврши уредување на неговото дворно место, за што однапред му дал дел од договорената сума. Потоа, во неколку наврати со различни оправдувања В.Б. го избегнувал отпочнувањето на работата, а веќе извесен период воопшто не одговарал на пораките и повиците. Се преземаат мерки за расчистување на настанот. 


На 08.05.2026 во 10:25 часот во ОВР Делчево е пријавено дека на кеј на река Брегалница во Делчево, Н.А.(76), Ф.С.(80) и Б.П.(80), сите од Делчево, пукале во дрвена мета со две воздушни пушки со калибар 4,5 мм, сопственост на Здружението на пензионери од Делчево, каде тие биле членови.  Според пријавеното и извршениот службен разговор со пријавените, тие во изминатиот период се спремале за пензионерски спортски натпревар кој треба да се одржи кон крајот на месец мај во Кочани. Метата, воздушните пушки и муницијата (дијаболи) се одземени  и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. 


На 08.05.2026 во 12:40 часот во СВР Скопје, Н.Ј.(71) од Скопје пријави дека околу 11:00 часот од неговиот дом на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, едно лице му одзело паричник со пари и лични документи, откако претходно го примил во неговиот дом за да изврши некои работни активности. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.   


На 08.05.2026 во 13:30 часот во СВР Скопје, С.К.(46) од Скопје пријави дека во периодот од 10:15 до 11:20 часот на Градските гробишта Бутел, од незаклучено патничко возило ѝ била одземена чанта со пари. По преземени мерки чантата била пронајдена без паричникот. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот. 


На 08.05.2026 во 11:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека пред влезот на гробиштата во Ѓорче Петров, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 36-годишната З.К. и 55-годишната Д.З., двете од Скопје, при што бил употребен тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 


Во СВР Скопје било пријавено дека 07.05.2026 во 07:50 часот во ходник од станбена зграда на подрачјето на Гази Баба, по претходна расправија околу нарушени соседски односи, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 32-годишната А.Г. и Ј.М.(53), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 


На 08.05.2026 во 20:20 часот во СВР Скопје, С.С.(47) од Скопје пријавил дека околу 18:40 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, неговиот 13-годишен син бил физички нападнат од друг малолетник, кој го познавал. По целосно документирање на случајот ќе  следува соодветен поднесок.


На 08.05.2026 во 23:20 часот во СВР Скопје, С.Ј.(32) од Скопје пријави дека околу 22:15 часот на подрачјето на Центар бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

Мени за пристапност