СВР Куманово поднесе кривична пријава против Г.С.(23) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи” и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”. На 04.04.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот и други простории кај пријавениот во Куманово, при што биле пронајдени и одземени полуавтоматски пиштол калибар 9мм, пиштол „Зораки”, две рамки, муниција и марихуана.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Љ.(46) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“ и против Ј.А.(34) од с.Опае, општина Липково, за сторено кривично дело „соизвршителство“. На 07.07.2025, лице од тетовско извршило уплата од 1.000 евра преку брз трансфер на пари за пријавените да му транспортираат возило од странска земја, но до пријавувањето транспортот не бил извршен.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.М.(31) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ и „загрозување на сигурноста“. На 03.05.2026 во семејниот дом, пријавениот физички ги нападнал неговата сопруга и нивната малолетна ќерка.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Р.С.(54) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. На 23.12.2025, искористувајќи ги податоците и полномошното на покојниот сопруг, пријавената со дебитна картичка подигнала готовина од банкомат, извршила други плаќања, а на 24.12.2025 ги довела во заблуда вработените во банката, без да каже дека нејзиниот сопруг е починат, го искористила полномошното и на шалтер од банката подигнала пари.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(45) од с.Боговиње, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. Пријавениот, преку социјални мрежи испраќал пораки со заканувачка содржина и барал пари од едно лице.
На 07/08.05.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиja од слобода Д.Д.(26) и Ј.М.(20), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 07.05.2026 во 08:20 часот во ОВР Неготино e пријавено дека на регионалниот пат Неготино - Демир Капија се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „даеву тико“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.М.(74) од Неготино и патничко возило „рено“ со неготински регистарски ознаки, управувано од Ј.Т.(49) од Неготино. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „даеву тико“, констатирани во Општа болница Кавадарци. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Неготино.
На 07.05.2026 во 16:00 часот во СВР Велес, 43-годишна велешанка пријави дека била измамена за сума од 16.592 денари. Според пријавеното, на 05.05.2026 добила СМС порака за наводно сторен сообраќаен прекршок кој требало да го плати. Во пораката имало линк од веб страна со насоки за плаќање и било наведено дека доколку ги следи упатствата ќе плати само половина од сумата за прекршокот. Откако ги внела податоците од својата банкарска сметка, во неколку наврати добила порака за неуспешно плаќање, а подоцна забележала дека од сметката ѝ биле одземени пари. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 07.05.2026 во 21:30 часот во ОВР Неготино е извршен службен разговор со Т.Л.(57) од Демир Капија. При сообраќајна контрола на регионален пат Неготино-Лакавица, кај место викано „Пепелишки мост“, било сопрено товарно возило „мерцедес“ со демиркаписки регистарски ознаки натоварено со огревно дрво, управувано од Т.Л. и од извршената контрола било утврдено дека тој превезувал огревно дрво со соодветна документација, но лиценцата за вршење за јавен превоз била со измината важност. По документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 07.05.2026 во 23:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.Д.(79) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 15:00 часот во неговиот семеен дом допирал по телото негова малолетна сосетка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 07.05.2026 во 14:48 часот во СВР Штип е пријавено дека во стан во Штип било пронајдено починато женско лице. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека се работи за У.Е.(20), државјанка на Република Турција. Увид извршила екипа на СВР Штип, а по наредба на јавен обвинител телото е дадено за обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СВР Велес поднесе кривична пријава против М.Ј.(44) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. На 20.04.2026 во Кавадарци, пријавениот го нападнал Г.Т. од Неготино и со употреба на физичка сила му одзел шише со метадон и личен предмет.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Ц.(50) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 03.01.2026 пријавениот упатувал закани кон неговиот син.
На 07.05.2026 во 17:30 часот во населба Фазанерија во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Ј.К.(34) од Гостивар. При преглед, кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
На 07.05.2026 во 20:00 часот во СВР Скопје, С.Б.(49) од Скопје пријави дека на 03.05.2026 околу 23:00 часот на мобилен телефон од неговата малолетна ќерка добил порака дека била физички нападната од нејзината 43-годишна мајка, која откако ја контактирал телефонски му упатила закани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 07.05.2026 во 16:00 часот во СВР Скопје, Љ.А.(48) од Скопје пријави дека околу 13 часот на подрачјето на Центар во Скопје бил физички нападнат од Б.С.(48) од Скопје. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 07.05.2026 во 10:00 часот во СВР Скопје, Т.И.(53) од Скопје пријави дека на 05.05. и 06.05.2026 околу 18:30 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, неговата малолетна внука, била физички нападната од двајца малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 07.05.2026 во 18:20 часот во Полициската станица Кисела Вода во Скопје на службен разговор бил повикан А.Џ.(30) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата 29-годишна сопруга дека физички ја нападнал. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
На 07.05.2026 во 19:50 часот во СВР Скопје, 37-годишна жена од Скопје пријави дека на 06.05.2026 околу 18:00 часот во дом на подрачјето на Чаир во Скопје, по претходна расправија, била физички нападната од 33-годишна жена од Скопје, при што ја снимила со мобилен телефон. Претходно, на 06.05.2026 и 33-годишната жена пријавила дека околу 18:45 часот била физички нападната од 37-годишната жена. По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 07.05.2026 околу 15:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во парк на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходна расправија, Б.Е.(41) физички го нападнал Ч.Н.(53) од с.Рашче, скопско. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 07.05.2026 во СВР Скопје, Ф.С.(27) од Куманово пријави дека околу 14:40 часот на работното место во приватна фирма во с.Кадино, општина Илинден, бил физички нападнат од неговиот колега Д.П.. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.