Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 07.05.2026

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Р.С.(23) од с.Лабуништа, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 25.09.2025 на магистрален пат во Струга, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило, во кое пријавениот бил сопатник, а кој бил забележан како преку прозорецот од возилото фрлил пакување со кокаин.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против К.А.(52) од с.Радолишта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 01.04.2026 во основно општинско училиште во с.Радолишта, пријавениот физички нападнал малолетен соученик на неговата ќерка. 

 

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против С.Г.(46) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 11.03.2026, пријавениот без надзор го пуштил неговото куче на улица, при што кучето ги нападнало Ѓ.Д.А. и нејзината 13 -годишна ќерка.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против С.Х.(70) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени  кривични дела „кражба“ и „навлегување во компјутерски систем“. На 11.11.2025 во Општа болница во Гостивар, пријавениот одзел паричник на И.П.(69) во кој имало 15.000 денари, лични документи и банкарска картица, по што подоцна од  банкомат на банка во Тетово ја злоупотребил банкарската картичка и во два наврата подигнал 41.600 денари, со што нанел вкупна штета од 56.600 денари.

 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.Ѓ.(61) од Скопје и против правен субјект од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Првопријавениот, со лажно прикажување на факти измамил едно лице,  односно не му исплатил 1.840.815 денари за патничко возило „мерцедес вито“.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против И.А. (40) и А.М. (33), двајцата од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“. Во текот на месец април 2025 пријавените, со нивно знаење и согласност, дозволиле нивното дете да живее вонбрачно со 18-годишник од Велес.

 

На 06/07.05.2026 во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиja од слобода И.М.(22), А.Б.(18) и М.К.(18) од Скопје и А.Г.(25) од с.Сингелиќ, скопско, затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 06.05.2026 околу 14:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Вера Јоциќ“ со ул.„Народни Херои“ во Скопје, патничко возило „опел зафира“ со велешки регистарски ознаки, управувано од И.А.(55) од Велес, удрило во 69-годишната М.Д. од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Д., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје. 

 

На 06.05.2026 во 19:30 часот во с.Велешта, струшко, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода Д.Ѓ.(47) од с.Велешта затоа што кај него и во неговото возило била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.  

 

На 06.05.2026 во 22:15 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода И.К.(27) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека го нарушил јавниот ред и мир, агресивно се однесувал и нападнал полициски службеници додека извршувале службени дејствија. При лишувањето, тој го оштетил и службеното возило на МВР. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

 

На 06.05.2026 во 23:25 часот во СВР Скопје, К.А.(25) од Скопје пријави дека околу 22:40 часот на подрачјето на Аеродром во Скопје со тврд предмет била нападната од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 07.05.2026 во 02:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Орланци, скопско, во дворно место во селото, било опожарено паркирано патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Р.А.(39) од с.Орланци. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

 

На 07.05.2026 во 04:00 часот во СВР Скопје, Ќ.Р.(62) од Скопје пријави дека околу 03:20 часот на подрачјето на Карпош во Скопје било опожарено неговото патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки. Од Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

 

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Ј.В.(31) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 07.04.2026, пријавениот упатувал закани кон неговиот сосед К.Д.(34) и неговото семејство. 

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Б.Е.(43) од с.Корошишта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „симнување или оштетување на службен печат или знак“. На 14.02.2026 пријавениот самоволно отстранил службена лента и табла за забрана на извршување на градежни работи и продолжил со градба на објект.  

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против С.Ш.(46) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено  кривично дело „телесна повреда“. На 25.02.2026 во семејниот дом, пријавениот физички го нападнал неговиот син. 

 

На 05.05.2026 полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода Д.О.(69) од Струга, а извршија службен разговор со Р.П.(40) од Струга. Околу 18:00 часот на ул.„Партизанска“ во Струга, полициски службеници извршиле контрола во возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, во кое возач бил Д.О., а сопатник Р.П., при што пронашле и одзеле бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

 

На 06.05.2026 во 18:30 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Б.И.(44) од Тетово поради основано сомнение за извршена кражба. Претходно, истиот ден во 14:30 часот, А.Љ.(44) од Тетово пријавил дека околу 08:30 часот пред влезот на општина Тетово му бил одземен електричен тротинет. По преземени мерки, сторителот е идентификуван и приведен и против него ќе следува соодветна пријава.

 

На 06.05.2026 во 06:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека настанал пожар во двор зад станбена зграда на ул.„11 Октомври“ во Скопје. Според пријавеното, пожарот бил предизвикан од две лица, кои ги вознемирувале станарите од зградата тропајќи им на нивните врати и одземајќи им ја пристигната пошта од поштенските сандачиња.  Повредени лица нема, а од пожарот биле опожарени дрвени предмети кои биле поставени пред и во влезот на зградата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.   

 

На 06.05.2026 во 23:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 22:50 часот во и пред казино на подрачјето на Мирковци, скопско, Д.К. од Косово агресивно и недолично се однесувал и му се заканувал на обезбедувањето, а подоцна испратил закани ѝ преку електронска пошта на казиното. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 06.05.2026 во 16:14 часот во СВР Скопје, жена од Скопје пријави дека во нејзиниот стан на подрачјето на Центар во Скопје, по претходно договорена средба преку мобилна апликација, дошол М.Ф.(27) од с.Кондово, скопско, и ѝ упатувал закани со остар предмет, по што заминал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 06.05.2026 во 15:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Христо Татарчев“ во Скопје, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Б. и Д.Т.. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 06.05.2026 во 17:50 часот во СВР Скопје, 18-годишна жена од скопско пријави дека на 03.05.2026 околу 23:30 часот во семејниот дом во скопско, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот 25-годишен сопруг. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

На 06.05.2026 во 14:30 часот во СВР Скопје, И.Џ.(33) од с.Арачиново, скопско, пријави дека на 29.04.2026 околу 12:45 часот во основно училиште во Арачиново, неговиот малолетен син, бил физички нападнат од Н.З.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 06.05.2026 во 13:12 часот, полициски службеници од СВР Куманово  лишија од слобода  16- годишник од Куманово. Тој се сомничи дека влегол во приватен имот на ул.„Моша Пијаде“ во Куманово и одзел предмети. Малолетникот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.  

 

На 06.05.2026 во 16:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиja од слобода А.А.(34) од с.Отља, oпштина Липково. Тој се сомничи дека во с.Отља, при разминување со патничко возило „мерцедес“,  управувано од Е.Ш.,  пукал со огнено од оружје. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.   

 

 

 

 

 

 

Мени за пристапност