Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесe кривична пријава против В.Е.(31) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 26.10.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот и помошни простории кај пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.
СВР Тетово поднесе известување против 16-годишник од с.Шипковица, тетовско и 16-годишник од с.Гајре, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“ и „загрозување на сигурноста“. На 20.02.2026 во с.Шипковица, пријавените физички го нападнале З.И. во неговиот двор, при што првопријавениот му упатувал ѝ закани со автоматска пушка.
СВР Струмица поднесе кривична пријава против Х.С.(27) и А.С.(41), двајцата од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. На 02.05.2026 во Струмица, пријавените со закана со нож од Ч.П. одзеле пари.
ОВР Валандово поднесе кривична пријава против С. Ј. (22) и С. Т. (19), двајцата од Валандово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „овозможување на употреба наркотични дроги“ и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 31.10.2025 кај место викано „Летниковец“ во Валандово, првопријавениот му овозможил на второпријавениот да користи марихуана.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Ј.Х.(20), Д.М.(19) од Битола, Д.А.(21), С.Џ.(28) и С.Џ.(20) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 09.04.2026 во Кичево, пријавените го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, при што употребиле тврди предмети и биле оштетени излог на објект и патничко возило.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.М.(30) од с.Желино, општина Желино, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 28.01.2026 во с.Добарце, тетовско, пријавениот упатувал закани со огнено оружје кон А.З. од с.Добарце.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.Г. (64) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 24.12.2025 полициски службеници на пазарот во населба Тафталиџе во Скопје при извршен преглед кај пријавениот пронашле и одзеле пиротехнички средства.
На 05.05.2026 во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 14-годишник од Скопје, затоа што кај него е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
На 05.05.2026 околу 15:00 часот во СВР Скопје e пријавено дека на сервисната улица која ги поврзува бул.„Христијан Тодоровски- Карпош“ и ул.„Бутелска“ во Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „смарт“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ш.(32) од Скопје и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.М.(29) од Радишани, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски“ Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
На 05.05.2026 во 13:25 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа Н.Л.(59) од Скопје, затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници додека извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против С.Д.(52) од с.Калишта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 26.03.2026 на регионалниот пат Струга -с.Калишта, покрај Охридското езеро, полициски службеници го затекнале пријавениот при обид да предизвика пожар, односно да запали трева и грмушки во негово место.
На 05.05.2026 во 12:05 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа В.П.(61) од Скопје, затоа што го нарушил јавниот ред и мир и се однесувал агресивно кон вработена во банка во трговски центар на подрачјето на Карпош. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.В.(30) од с.Порој, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 06.03.2026, по претходна расправија, пријавениот се обидел со тврд предмет да го нападне М.В., а откако бил спречен во намерата, со своето возило го оштетил возилото на М.В..
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против М.У.(44) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 21.03.2026 во Кичево, по претходна расправија, пријавениот со своето патничко возило удрил во три лица и им нанел повреди.
На 05.05.2026 во 19:00 часот на ул.„Марко Деспотоски“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишија од слобода К.Ј.(65), Р.Ј.(64), А. Ј.(26) и Г.Д.(25), сите од Прилеп, затоa што го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
СВР Струмица- ОВР Радовиш до Основното јавно обвинителство Радовиш поднесе кривична пријава против А.П.(43) од Радовиш поради постоење на основано сомневање дека сторил кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144 од Кривичниот законик. На 28.04.2026, пријавениот А.П., судски полицаец од Основен суд Радовиш, кој бил на работно место, упатил закани кон јавна обвинителка.
Денеска (06.05.2026) во 09:03 часот во СВР Скопје е пријавено дека во возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки на ул.„Перо Наков" во Скопје бил пронајден починат Н.Ј.(62) од Скопје. Според пријавеното, тој починал додека го управувал возилото. Смрт констатирал лекар, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.
На 05/06.05.2026 во периодот од 21:00 до 00:30 часот во СВР Скопје, повеќе граѓани пријавиле дека во Скопје, покрај кеј на река Вардар, на подрачјата на Карпош, Ѓорче Петров и Сарај, во воздухот се чувствувала непријатна миризба на хемиски агенси. За настанот се известени јавен обвинител, комунални инспектори и инспектор за животна средина на Град Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.