ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против Е.У.(38) с.Тополница, радовишко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 30.07.2025 во с.Тополница, полициски службеници извршиле претрес во домот и други простории кај пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана, засадени стебла од растението канабис и семки од растението канабис.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.Т.(38) с.Мешеишта, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 25.04.2026 во атар на с.Волино, општина Дебрца, пријавениот со товарното возило, кое го управувал, не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници, по што ја зголемил брзината и ја загрозил нивната безбедност.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Македонски Брод поднесе кривична пријава против Н.Т.(49) од с.Преглово, општина Пласница, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „кражба” и „загрозување на сигурноста” и против Е.Т.(48) од с.Преглово и Х.Ш.(35) од с.Обршани, општина Кривогаштани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба”. На 26.04.2026, полициски службеници го запреле второпријавениот со натоварени коњи со бесправно сечено огревно дрво без жиг и соодветна документација, а подоцна на место викано „Под крстово трло“ ги затекнале прво и третопријавениот како вршеле бесправна сеча на огревно дрво, при што првопријавениот упатувал ѝ закани кон полициски службеници.
На 04.05.2026 во 16:30 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека во населба Фазанерија, малолетник од Гостивар, управувајќи електричен тротинет, изгубил контрола и паднал на патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Медицински центар Гостивар. По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.
На 04/05.05.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Б.С.(22) и С.И.(35), двајцата од Скопје, Ф.И.(18) од с.Петровец, скопско и С.Б.(35) од с.Трубарево, скопско, затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Т.Б.(29) и О.Ц.(22), двајцата од с.Велешта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. На 16.01.2026 во спортска обложувалница во Струга, пријавените со закана со огнено оружје кон вработениот го одзеле дневниот промет.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против правно лице од Охрид и О.Ф.(43) од Охрид, сопственик и управител на правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „фалсификување исправа“. Во текот на 2024 и 2025 година, второпријавениот, свесно и со намера да прибави имотна корист, фалсификувал и прикажувал лажно одобрение за градење од општина Охрид за надградба на станбена зграда и се рекламирал преку свој профил на веб страна за продажба, каде што имал огласи за продажба на станови, за што земал пари од повеќе лица.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.С.(23), полициски службеник од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста” и „попречување на правдата”. На 31.12.2025, при обидот да биде лишен од слобода поради оштетување на пневматици на патнички возила на бул.„Октомвриска револуција“ во Куманово, Н.С. давал активен отпор и со нож повредил полициски службеник.
ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против Б.K.Д.(27), С.М.П.(40), Т.С.Д.(44), тројцата од Непал, Р.К.(33) и J.A.(27), двајцата од Индија, сите со престој во Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Во пријавеното престојувалиште, пријавените неовластено држеле и одгледувале марихуана, која била пронајдена во текот на јуни 2025 година.
На 04.05.2026 во 12:45 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиja од слобода А.Р.(35) од Велес поради сомнение дека во подрумска просторија во Велес извршил кривично дело „тешка кражба“. Дел од одземеното било пронајдено и ќе биде вратено на сопственикот. Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против А.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 04.05.2026 во 13:15 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го приведоа Ј.Ф.(23) од Кавадарци поради основи на сомнение дека во дворно место во Кавадарци извршил кривично дело „кражба“. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 04.05.2026 во 12:50 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го приведоа И.М.(48) од Гостивар. Тој бил баран по судска наредба за издржување затворска казна за сторено кривично дело казниво по член 144 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.
На 04.05.2026 во 21:20 часот во СВР Скопје, Р.М.(77) од Скопје пријави дека околу 19:05 часот на подрачјето на општина Аеродром едно лице му го одзело паричникот со пари и документи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот
На 04.05.2026 во 15:42 часот во СВР Скопје, Б.С.(68) од с.Стајковци, скопско, пријави дека во дворот од куќата пронашол заталкано зрно од огнено оружје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 04.05.2026 во 17:10 часот во СВР Скопје, А.И.(51) од Скопје пријави дека на подрачјето на Ѓорче Петров, неговиот малолетен син бил физички нападнат од Б.„Н“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 04.05.2026 во 19:00 часот во СВР Скопје, Ш.Д.(47) од Скопје пријави дека околу 13:30 часот во кругот на основно училиште на подрачјето на Чаир, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници од друго училиште. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Ј.(23) од с.Одри, тетовско, за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „предизвикување општа опасност“. На 22.05.2025, пријавениот се договорил со шест лица да се сретнат во с.Доброште за расчистување на меѓусебните односи, а откако пристигнал на договореното место со патничко возило го отворил прозорот и испукал неколку куршуми кон нив и продолжил да се движи со возилото, при што бил следен од возила во кои биле лицата, а во с. Пршовце и во с.Џепчиште А.Ј. повторно од возилото пукал со пиштол кон возилата на оштетените лица и продолжил да се движи кон Тетово.
СВР Велес поднесе известување против малолетник од Неготино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 02.02.2026 во Неготино, полициски службеници во два наврати затекнале како малолетникот на улица фрла марихуана, амфетамин и дигитална вага, а на 27.03.2026 на влез пред основно училиште, полициски службеници извршиле преглед над малолетникот, при што биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана и амфетамин.
На 04.05.2026 во 17:00 часот во СВР Скопје, Р.Ш.(47) од с.Елово, скопско, пријави дека во комбе во с. Елово, околу 11:00 часот, неговиот малолетен син бил физички нападнат од Н.Б. кој го возел комбето (организиран превоз за ученици), а наводно поради тоа што го валкал комбето. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 04.05.2026 во 09:00 часот во СВР Скопје, Б.Д.(28) од с.Идризово, скопско, пријави дека му биле опожарени две земјоделски најлонски фолии со засадени градинарски култури. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 04.05.2026 во 11:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари настанал пожар во отпад за старо железо. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото на настанот.
На 05.05.2026 во 05:17 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Центар настанал пожар во напуштена куќа. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото на настанот.
ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против В.В.(29) од с.Подареш, радовишко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 17.12.2025 во с.Подареш, полициски службеници извршиле преглед на пријавениот и патничко возило „опел“, кое го управувал, при што била пронајдена и одземена марихуана.