Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 10.05.2026

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

На 09.05.2026 во 12:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Македонско-косовска бригада“ и ул.„Аугуст Цезарец“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.И.(51) од Скопје, удрило во двајца пешаци - 57-годишната Ф.С. и А.Т.(27), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ф.С., а со телесни повреди А.Т., констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

На 09.05.2026 во 14:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Крсте Мисирков“ во Скопје, електричен тротинет удрило во пешак - 61-годишната Љ.М. од Скопје, по што возачот со тротинетот го напуштило местото на настанот. Во несреќата, Љ.М. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 10.05.2026 во 03:25 часот во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода С.Р.(29) од с.Јеловјане, тетовско, затоа што кај него се пронајдени и одземени марихуана и дробилка и затоа што го нарушил јавниот ред и мир со агресивно и недолично однесување. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 09.05.2026 во 12:55.часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Т.М.(25) од Куманово затоа што на улица „Ѓорче Петров" во Куманово од паркирано возило со употреба на сила одзел паричник.Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

 

На 09.05.2026 околу 20:40 часот во Полициската станица Бит Пазар, Е.М.(42) од Скопје пријавил дека во близина на трговски центар на подрачје на Бит Пазар, по претходно недоразбирање, А.Н. од Скопје му се заканувал со пиштол. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

 

На 10.05.2026 во 02:15 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ф.Ј.(32) од Куманово. Околу 23:00 часот во угостителски бојект во с.Старо Нагоричане физички го нападнал Н.Д.(29) од с.Долно Којнаре, кумановско. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 09.05.2026 во 15:30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Ѓ.К.(43) од Велес затоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана. При преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека тој издржувал казна затвор во траење од пет години и 10 месеци во Казнено - поправната установа Затвор Идризово, а во моментот користел викенд отсуство. Ѓ.К. бил спроведен во установата за доиздржување на казната, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 09.05.2026 во 19:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Т.М.(66) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 13:00 часот на подрачјето на Драчево, по претходна расправија, упатувал закани на 54-годишната С.М.П. од Скопје и нејзиното семејство. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

 

На 10.05.2026 во 00:15 часот во СВР Скопје, А.И.(19) од с.Долно Количани, скопско, пријави дека на 09.05.2026 околу 13:00 часот во с.Пагаруша, скопско бил физички нападнат од М.Ш., кој употребил тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 09.05.2026 во 22:10 часот во СВР Скопје, Е.Л.(57) од Скопје пријави дека околу 21:30 часот на подрачјето на Центар во Скопје била физички нападната од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.   

 

На 09.05.2026 во 11:50 часот во СВР Скопје, М.В.(20) од Скопје пријави дека околу 11:20 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од Л.А.(45) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 09.05.2026 во 16:00 часот во СВР Скопје, од Казнено - поправната установа Затвор Идризово е пријавено дека во 15:30 часот бил извршен претрес врз осуденикот В.Ф.(42) од с.Студеничани, скопско, при што кај него била пронајдена и одземена грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. 

 

На 09.05.2026 во 15:40 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го приведоа А.Б.(26) од Скопје затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници додека извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава. 

 

Во СВР Скопје е пријавено дека на 08.05.2026 околу 14:30 часот на автобуска постојка на подрачјето на Бит Пазар, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Х.С.(26) и Е.А.(36), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Мени за пристапност