Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 19.07.2026

Извадок на дел од дневните настани 19.07.2026

 

 СВР Струмица поднесе кривична пријава против Р.З. од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 09.12.2025 полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што  била пронајдена и одземена  марихуана.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против Ј.Ј. (40) од Пробиштип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 05.06.2026 пријавениот на бензинска станица, физички го нападнал Ј.Д., а потоа со остар предмет му упатувал закани.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесена кривична пријава против С.В., М.С., Д.С. и А.К., сите од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“ и „спречување службено лице во вршење службено дејствие“. На 11.04.2026 на паркинг простор на бензинска станица во Крива Паланка, по претходна расправија, пријавените физички го нападнале Д.М. од кривопаланечко, а потоа им упатиле закани на полициски службеници додека извршувале службени дејствија.

 

На 18/19.07.2026 во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода В.Р.(42) и Ф.Р.(21), двајцата од Скопје, затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 18.07.2026 околу 16:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул.„Ќемал Сејфула“ и ул.„Павле Илиќ“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „југо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Б.(71) од Скопје, електричен тротинет управуван од 15-годишник од Скопје и уште еден тротинет управуван исто така од 15-годишник од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил едниот малолетник, а со телесни повреди се здобил другиот малолетник, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

На 18.07.2026 во 01:15 часот на Граничниот премин Блаце, полициски службеници го лишија од слобода С.Б.(50) од Косово, затоа што при извршена гранична проверка, констатирано е дека за него има распис од Интерпол-Германија. Тој бил задржан во Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.

 

На 18.07.2026 во 23:00 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода И.Ц.(39) од Велес. При преглед на патничко возило „даихатсу“ со велешки регистарски ознаки, што го управувал И.Ц., во возилото била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 18.07.2026 во 21:30 часот во СВР Куманово, 72- годишна жена од Куманово пријави дека во нивниот дом, била физички нападната од нејзината 13- годишна внука. Исто така, според пријавеното, малолетничката и упатувала и закани со остар предмет на пријавителката и на други членови од семејството Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 18.07.2026 во 15:00 часот во ОВР Крива Паланка е пријавено дека на експресниот пат Ранковце- Крива Паланка, во атар на село Градец, мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Ф.С.(35) од Скопје, удрил во ограда и излетал од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Ф.С., констатирани во Здравствен дом Крива Паланка. Увид извршила екипа од ОВР Крива Паланка.

 

На 18.07.2026 во 13:27 часот во СВР Куманово е пријавено дека на улицата "Бранко Богдански Гуцман" во Куманово се случила сообраќајна несреќа, во која мотоцикл „бмв" со кумановски регистарски ознаки, управуван од Д.С. (32) од Куманово, удрил во седумгодишно дете. Во несреќата со повреди се здобило детето и било пренесено во Општа болница Куманово за укажување на лекарска помош. Увид бил извршен од екипа од СВР Куманово.

 

На 18.07.2026 во 23:15 часот на ул.„Мице Козар" во Прилеп, полициски службеници ги лишија од слобода Н.Н.(38) и М.К.(30), двајцата од Прилеп, бидејќи при преглед кај Н.Н. била пронајдена марихуана.  По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 18.07.2026 во 19:10 часот на ул.„Цане Коњарец" во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода С.И.(29) од Прилеп, бидејќи при преглед кај него била пронајдена прашкаста материја. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 18.07.2026 во 14:45 часот, во СВР Охрид е пријавено дека на локален пат во охридското село Долно Лакочереј, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило  „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управуванo од К.П.(38) од истото село и мопед „априлиа“ со охридски регистарски ознаки, управуван од 16- годишник од Охрид. Притоа, возачот на мопедот и 15- годишна сопатничка од с.Долно Лакочереј, се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на несреќата изврши екипа на СВР Охрид, при што кај возачот на автомобилот, утврдени се 1,20 промили алкохол во крвта.

 

На 18.07.2026 во 23:45 часот, во струшко село, од слобода е лишен М.М.(55), по претходна пријава дека бил агресивен кон член на неговото семејство. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 18.07.2026 во 22:10 часот, на улицата „АСНОМ“ во Охрид, од слобода е лишен С.Б.(29) од Охрид. При извршен преглед, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

 

На 18.07.2026 во 16:00 часот, на локалниот пат кон с. Корито, во близина на угостителски објект, четирицикл со гостиварски регистарски ознаки, управуван од Ш.С. (47) од с. Чајле, излетал од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, додека 15-годишен сопатник од с. Чајле се здобил со телесни повреди, констатирани во Ургентен центар Гостивар. Увид на лице место извршила екипа од ОВР Гостивар.

 

На 18.07.2026 во 22:50 часот на улицата „Живко Брајковски“ во Гостивар, инспектори од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар го лишија од слобода С.Ѓ. (43) од Гостивар, затоа што при извршен преглед, кај него била пронајдена бела прашкаста материја. По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 18.07.2026 во 21:35 часот во СВР Скопје 36-годишен маж пријави дека на 18.07.2026 околу 18:00 часот, на подрачјето на Центар бил физички нападнат од неговата 35-годишна поранешна сопруга. Исто така, на 19.07.2026 во 02:00 часот 35-годишна жена пријави дека била физички нападната од нејзиниот 36-годишен поранешен сопруг. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 19.07.2026 во 01:00 часот во СВР Скопје 36-годишна жена пријави дека на 18.07.2026 околу 13:00 часот во домот на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од нејзиниот сопруг А.К.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 18.07.2026 во 20:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Кондово, скопско, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.А.(34) и А.А.(41). По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 18.07.2026 во 08:00 часот во СВР Струмица е пријавено дека на регионален пат помеѓу Гевгелија и Богданци, патничко возило „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.И.(67) од Скопје, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката З.И.(62) од Скопје, а со телесни повреди се здобил возачот Б.И., констатирани во Медицински центар Гевгелија. Увид на местото изврши екипа на ОВР Гевгелија.

 

На 18.07.2026 во 10:20 часот во радовишко село, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Радовиш лишија од слобода 32-годишен жител на тоа село, постапувајќи по претходна пријава дека околу 02:30 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 29-годишна сопруга. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 18.07.2026 во 00:35 часот на раскрсница за село Мрзенци, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Е.И.(35) од Гевгелија. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „мерцедес“ со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал Е.И.. и по извршени проверки било констатирано дека не поседува возачка дозвола. Возилото е одземено и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик- „безобѕирно управување со моторно возило”.

На 18.07.2026 во 22:45 часот во Валандово, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово го лишија од слобода Ж.П..(43) од Валандово. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле мотоцикл со валандовски регистарски ознаки, кој го управувал Ж.П. и по преземени мерки било констатирано дека го управува без да поседува соодветна категорија за управување на такво возило. Мотоциклот е одземен и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик- „безобѕирно управување со моторно возило”.

 

На 19.07.2026 во 00:15 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода А.Ф.(37) од Гевгелија. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „шкода“ со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал А.Ф.. и по преземени мерки било констатирано дека го управува без да поседува возачка дозвола. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик- „безобѕирно управување со моторно возило”.

 

На 19.07.2026 во 00:45 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода А.Б.(23) од село Моин, гевгелиско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле мотоцикл со велешки регистарски ознаки, управуван од А.Б., а по преземени мерки било констатирано дека го управува без да поседува возачка дозвола. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик- „безобѕирно управување со моторно возило”.

 

На 18.07.2026 во 15:35 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода С.Ј..(48) од Радовиш, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 34-годишна сопруга. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 18.07.2026 во 21:30 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода Ј.А.(25) од Радовиш, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 18.07.2026 во 18:40 часот во струмичко село, полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 42-годишен жител на тоа село, постапувајќи по претходна пријава дека околу 16:00 часот во семејниот дом агресивно се однесувал кон неговите родители и искршил предмети од покуќнината. По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 19.07.2026 во 00:30 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода А.Ч.(25) од Гевгелија. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле мотоцикл со велешки регистарски ознаки, управуван од А.Б.(23) од село Моин, гевгелиско, на кој сопатник бил А.Ч. и при извршениот преглед кај А.Ч. била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 18.07.2026 во 11:45 часот во СВР Скопје 41-годишна жена пријави дека на 17.07.2026 околу 23:00 часот, во домот на подрачјето на Бит Пазар, била физички и со тврд предмет нападната од нејзиниот сопруг Б.Џ.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 18.07.2026 во 07:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека додека автобус бр.7 се движел по бул.„Трета Македонска Бригада“ во Скопје, непознато лице од надвор фрлилo тегла кон автобусот и скршило стакло од прозорец, при што со повреди се здобил патникот Т.Б.(61) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 19.07.2026 во 00:30 часот на патот Битола -Ресен, полициски службеници од ОВР Ресен го лишија од слобода Д.С.(30) од Австрија. При контрола во сообраќајот, полициски службеници сопреле возило „ауди" со струшки регистарски ознаки, управувано од Д.С., при што било констатирано дека тој е под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,54 промили алкохол во крвта. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок. 

 

На 18.07.2026 во 23:50 часот на ул.„Орде Чопела" во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Х.Ш.(29) од с.Десово, општина Долнени. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле возило „лада" со кичевски регистарски ознаки, управувано од Х.Ш., при што било констатирано дека тој не поседува возачка дозвола. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 18.07.2026 во 21:12 часот, на регионален пат кај струшкото село Калишта, од слобода е лишен Н.Б.(45) од Струга, кој претходно, управувајќи возило „тојота“ со струшки регистарски ознаки, предизвикал сообраќајна незгода. При извршен увид, полициските службеници кај него констатирале 2,56 промили алкохол во крвта. По налог на јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против Н.Б. ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик  „безобѕирно управување  моторно возило“.

 

На 18.07.2026 во 14:20 часот во с. Прељубиште, општина Јегуновце, полициски службеници од ПО Јегуновце запреле патничко возило „опел астра“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од В.С. (67) од истото село. При извршеното алкотестирање, кај возачот е констатирано присуство на 2,14 промили алкохол во крвта. По консултација со јавен обвинител од ОЈО Тетово, возачот е лишен од слобода за сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик „безобѕирно управување со моторно возило“.

 

На 18.07.2026 во 22:20 часот на улицата „Никола Парапунов“ во Гостивар, полициски службеници го лишија од слобода А.С. (25) од с. Добридол, кој бил затекнат како управува патничко возило „фолксваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки, без да поседува возачка дозвола, со што сторил кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик. Возилото е одземено и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 19.07.2026 во 00:05 часот на улицата „Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, полициски службеници го лишија од слобода Љ.М. (21) од с. Мало Турчане, затоа што управувал патничко возило „фолксваген кади“ со гостиварски регистарски ознаки, без возачка дозвола, со што сторил кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик. Возилото е одземено и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 19.07.2026 околу 05:00 часот во СВР Скопје 56-годишен такси возач од Гевгелија пријави дека околу 02:00 часот во неговото возило влегле две лица-патници кои му кажале да ги превезе до Скопје, на подрачјето на Шуто Оризари и дека ќе му платат кога ќе стигнат. Откако пристигнале, тие физички го нападнале и му го одзеле паричникот со пари и документи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.   

 

На 18.07.2026 во СВР Скопје од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ е пријавено дека во 19:30 часот во Ургентниот центар починал В.Т. (70) од Струмица, кој, според пријавеното, бил примен со повреди здобиени од пожар во неговиот дом во Струмица на 15.07.2026 година.

 

На 18.07.2026 во 19:20 часот во СВР Штип е пријавено дека во куќа во Кочани, при поправка на импровизиран лифт за транспорт на инвалидизирано лице, со телесни повреди се здобил В.Т.(42), а со тешки телесни повреди се здобил С.В.(68), двајцата од Кочани. За настанот е известен јавен обвинител. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кочани и се преземаат мерки за расчистување на настанот.

 

На 18.07.2026 во 16:15 часот во ОВР Кочани е пријавено дека настанал пожар во плевна во с.Чешиново, сопственост на Б.П.. Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица. Повредени лица нема.

 

На 18.07.2026 во 21:55 часот во Скопје, на бул.„Македонско- Косовска Бригада“, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода малолетник од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал малолетникот и по преземени мерки било констатирано дека го управува без да поседува возачка дозвола. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик- „безобѕирно управување со моторно возило”.

 

На 19.07.2026 во 01:30 часот во с.Студеничани,скопско, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода малолетник од с.Студеничани. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал малолетникот и по преземени мерки било констатирано дека го управува без да поседува возачка дозвола. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик- „безобѕирно управување со моторно возило”.

 

На 18.07.2026 во 14:00 часот во Скопје, на ул.„Самоилова“ полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Ч.А.(36) од скопско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген бора“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Ч.А. и по преземени мерки било констатирано дека го управува без да поседува возачка дозвола. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик- „безобѕирно управување со моторно возило”.

 

На 19.07.2026 во 01:35 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода Н.М.(28) од Кочани. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувал Н.М. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото под дејство на алкохол односно измерени му биле 1,99 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик- „безобѕирно управување со моторно возило”.

 

Мени за пристапност