На 17/18.07.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода С.З.(21), П.П.(29), Ф.Т.(41) и Б.Т.(37), сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 17.07.2026 во 11:10 часот на Граничниот премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода М.И.Г.(37) од Турција, затоа што при извршена гранична контрола на увид приложил фалсификувана зелена карта за товарно возило „форд“ со полуприколка со турски национални ознаки, со кое тој допатувал. Известен бил јавен обвинител и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 17.07.2026 во 18:25 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосницата од ул. „Филип 2 Македонски" и ул. „Благојче Силјановски" во Битола, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд" со битолски регистарски ознаки, управувано од А.Л.(29) од Битола и мотоцикл со битолски регистарски ознаки, управуван од 39- годишната Х.С. од Битола. Во несреќата Х.С. се здобила со тешки телесни повреди, а нејзината сопатничка М.Н.(39) од Битола со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница- Битола. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.
На 17.07.2026 околу 11:10 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на ул.„Бел Камен“ во Кочани, А.П.(60) од Кочани управувајќи мопед со кочански регистарски ознаки, паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил А.П., констатирани во Општата болница Кочани. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кочани.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Ш. (25), Ј.А. (26), В.С. (30) и двајца малолетници поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 05.05.2026 на бензинска станица, настанала меѓусебна физичка пресметка помеѓу пријавените.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.А. (41) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 18.12.2025 во с.Трубарево, скопско полициски службеници извршиле преглед на пријавениот, при што кај него биле пронајдени и одземени амфетамин и марихуана.
На 17.07.2026 во 22:50 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода У.З.(43) од Куманово, Џ.С. (43) од Штип и Т.С. (49) од Штип, по претходна пријава дека на ул. „Христијан Тодоровски- Карпош“ дошло до физичка пресметка помеѓу нив. Кај нив се пронајдени остар предмет и пиштол на дијаболи. По целосно документирање на случајот, против нив ќе следуваат соодветни пријави.
На 17.07.2026 околу 17:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во Скопје, во близина на катната гаража „Смилевски Конгрес“, бил опожарен контејнер, а од огнот било зафатено и патничко возило „фиат“, сопственост на правно лице. Огнот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Т.С.(39), малолетник, М.З.(30) и М.З.(67), сите од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,насилство“. На 24.05.2026 пријавените, во дворно место од семејната куќа на И.Ѓ. , физички ги нападнале него и неговата сопруга.
На 17.07.2026 во 23:00 часот во село Муртино, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица ги лишија од слобода Д.М.(31) и А.С.(30), двајцата од село Банско, струмичко. При преглед кај нив, кај Д.М. било пронајдено пакување со кокаин.. За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 18.07.2026 во 00:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Лисиче, две лица извршиле обљуба врз 32-годишна жена. Во врска со случајот од слобода е лишен А.М.(41) од Скопје и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
На 18.07.2026 во 00:15 часот во Неготино, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода П.П.(37) од село Марена, кавадаречко. При преглед на патничко возило „опел “ со кавадаречки регистарски ознаки што тој го управувал, во возилото биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. П.П. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 17.07.2026 во Кавадарци, полициски службеници од СВР Велес ги лишија од слобода Т.Н.(50) и Г.Л.(39), двајцата од Кавадарци, затоа што при преглед кај Т.Н. била пронајдена и одземена марихуана, а кај Г.Л. била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. Тие биле приведени во полициска станица и по документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
На 17.07.2026 во 23:45 часот во ОВР Неготино, 35-годишната Л.А.М. пријави дека за време на одржување на седница на Советот на Општина Неготино, Љ.Т., советник во Советот на Општина Неготино, го попречувал работењето на Советот. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 17.07.2026 во 23:10 часот, во СВР Охрид од слобода е лишен П.С. од охридско село, по претходна пријава дека во семејниот дом бил агресивен кон неговата сопруга. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 17.07.2026 во 16:00 часот, во струшко село, од слобода е лишен В.К.(55), по претходна пријава дека во семејниот дом, физички ја нападнал неговата мајка. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 16.07.2026 во 17:30 часот во СВР Скопје 20-годишна жена пријави дека околу 14:30 часот во продавница во трговски центар на подрачјето на Ѓорче Петров, додека пробувала облека во гардероба, забележала дека има човек качен на скала, кој ја гледал додека се пресоблекувала. Во врска со настанот во полициска станица бил извршен службен разговор со Љ.С.(43) од Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 17.07.2026 во 08:45 часот во СВР Тетово, А.С. (42) од Тетово пријави дека во текот на ноќта од страна на непознати сторители со огнено оружје е пукано кон објектот на неговата фирма во Тетово. Увидна екипа на СВР Тетово на местото на настанот пронајде 11 чаури, при што констатирани се оштетувања на објектот и на возила. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 18.07.2026 во 00:50 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода В.Ш. (23) од Куманово, со престој во с. Лешок, кај кого била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 17.07.2026 во 08:50 часот, во СВР Тетово е пријавено дека на крстосницата од ул. „Илинденска“ со ул. „Благоја Тоска“ во Тетово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел зафира“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Џ.Н. (60) од Тетово, и електричен мопед, управуван од 15- годишник од Тетово. По незгодата, возачот на мопедот е пренесен во Клиничка болница Тетово, каде му се констатирани тешки телесни повреди. Увид на лице место извршила екипа од СВР Тетово.
На 17.07.2026 во 19:40 часот, во СВР Тетово е пријавено дека на ул. „137“ во Гостивар, додека С.А. (38) од с.Чегране изведувал работи со работна машина – багер, машината се превртела, при што тој се здобил со тешки телесни повреди, по што е пренесен за укажување лекарска помош во Комплексот клиники ,,Мајка Тереза" во Скопје. Увид на лице место извршила екипа од ОВР Гостивар.
На 17.07.2026 во 16:00 часот во СВР Скопје Е.П.М.(50) од Скопје пријави дека од месец март оваа година до денот на пријавувањето, на подрачјето на општина Аеродром во неколку наврати нејзиниот малолетен син бил физички малтретиран од друг малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 17.07.2026 во 18:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот на нејзината баба во с.Бунарџик,скопско, малолетничка била нападната од Ц. „Н“, кој искршил и дел од покуќнината. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 17.07.2026 во 10:50 часот во Штип, полициски службеници го лишија од слобода А.В. (61) од Штип, постапувајќи по пријава од неговата 52-годишна вонбрачна сопруга дека во домот, под дејство на алкохол, физички ја нападнал. По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 17.07.2026 во 18:42 часот во СВР Штип од Итната медицинска помош-Пехчево е пријавено дека околу 18:10 часот добиле повик да интервенираат во близина на с.Панчарево, каде Ј.Ѓ. (58) се здобил со повреди при сеча на дрва, каде бил заедно со својот син. На пат кон здравствената установа Ј.Ѓ. починал. По наредба на јавен обвинител од ОЈО Делчево, телото на починатиот е дадено на обдукција.
На 18.07.2026 во 00:30 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода К.Л. (32) со престојувалиште во Штип, затоа што со неговата сопруга К.Х. (30) на ул. „Гоце Делчев“ во Штип, физички нападнале полициски службеник кој извршувал службени дејства. По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 18.07.2026 во 02:00 часот во СВР Скопје Р.С.(45) од Скопје пријави дека на 17.07.2026 околу 23:30 часот на подрачјето на Шуто Оризари бил физички нападнат од С.„Н“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 18.07.2026 во 02:20 часот во СВР Скопје Ј.И.(38) од Скопје пријави дека околу 23:30 часот на подрачјето на Шуто Оризари Б.О. упатувал закани кон неговите две малолетни деца и замавнувал со рака кон неговиот син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 17.07.2026 во 10:30 часот С.С.(66) од Крива Паланка пријави дека на 16.07.2026 околу 17:00 часот на подрачјето на Центар, од страна на три лица со употреба на физичка сила и бил одземен личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 17.07.2026 во 17:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ф.Ф.(34) и М.Џ.(19), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 17.07.2026 во 21:00 часот во СВР Скопје 41-годишна жена пријави дека на 14.07.2026 околу 23:30 часот во домот на подрачјето на Гази Баба била физички нападната од нејзиниот партнер Д.П.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 17.07.2026 во 15:30 часот во СВР Скопје О.Т.(52) од Скопје пријави дека околу 12:15 часот на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од едно лице, кое употребило и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 17.07.2026 во 12:00 часот во СВР Скопје М.Д.(33) од с.Долно Свиларе,скопско, пријави дека бил физички нападнат од неговиот роднина Е.Д.(36), кој исто така и со остар предмет му упатувал закани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.