На 19.07.2026 во 13:40 часот во Полициската станица Бит Пазар, М.Ш.(56) од Косово пријавил дека неговата сопруга Ф.Ш.Т., нејзиниот брат У.Т. и неговата сопруга Џ.К. се исчезнати, односно не можел да стапи во контакт со нив откако на 18.07.2026 во 22:15 часот заминале со возило од Меѓународниот аеродром Скопје. Веднаш по пријавата за исчезнати, екипи од СВР Скопје од ЕВР Чаир, Центар, и Единицата за интервентна полиција извршија пребарување на камерите на Безбеден град за да се лоцира трасата на движење на исчезнатите лица и возилото кое го користеле, подигнат беше и дрон над трасата поради фактот што беше утврдено дека возилото не ја напуштило државата преку ГП Блаце. На 19.07.2026 во 22:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот Граничен премин Блаце – Скопје, кој е затворен за сообраќај и кој е во изградба патничко возило „мерцедес” со германски национални ознаки излетало од патот и се превртело. Од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот У.Т.(64) од Косово, со живеалиште во Германија и сопатничките Ф.Ш.Т.(56) од Косово и Џ.К.(54) од Турција, двете со живеалиште во Германија. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид извршиле јавен обвинител и екипа на СВР Скопје. По наредба на јавен обвинител телата на починатите биле дадени на обдукција.
На 20.07.2026 во 03:15 часот во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат Јажинце-Тетово, во с.Порој, тетовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Р.Р.(55) од с.Слатино и патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Е.Н.(39) од с.Порој. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово.
На 19.07.2026 во 12:35 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на ул.„Живко Брајкоски“ во Гостивар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тојота“ со гостиварки регистарски ознаки, управувано од С.И.(49) од Гостивар и мотоцикл „кавасаки“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од С.Џ.(26) од Гостивар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во болницата во Гостивар. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.
На 19.07.2026 во 10:30 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода О.С.(47) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом упатувал закани на неговиот 76-годишен татко и оштетил дел од покуќнината. По лишувањето, на О.С. му е извршено алкотестирање при што е констатирани дека има 3,22 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 19.07.2026 во 15:40 часот на ул.„Никола Парапунов“ во Гостивар, полициски службеници лишиле од слобода 16-годишник од Гостивар поради основано сомнение за сторено кривично дело „одземање моторно возило“. Претходно, во 12:10 часот, А.С.(26) пријавила дека во текот на ноќта од кеј „Вардар“ било одземено патничко возило „фолксваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки, сопственост на нејзиниот сопруг З.С.(31). Возилото со видливи оштетувања и со клуч во бравата било пронајдено околу 15:10 часот од роднина на сопственикот на паркинг во населбата Малеарди, по што со потврда му е вратено на сопственикот. По комплетирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 19.07.2026 во 23:40 часот во ОВР Гостивар, Б.М.(48) од Гостивар, новинар и сопственик на локална телевизија од Гостивар, пријавил дека околу 19:30 часот на ул.„Илинденска“ во Гостивар, додека извршувал службена дејност, А.Л. од Гостивар му се заканувал и се обидел и да му ја одземе камерата. Според приавеното, најверојатно мотив за нападот е претходно објавена фото-вест од новинарот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 19.07.2026 во 23:20 часот на ул.„Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар запреле патничко возило „цитроен“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од С.М.(53) од Гостивар. Притоа, С.М. агресивно се однесувал кон нив и им се заканувал, по што е приведен во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 19.07.2026 во 03:10 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода Д.Б.(35) од виничко, постапувајќи по претходна пријава дека околу 00:30 часот на градскиот базен, по претходно недоразбирање, физички го нападнал П.И.(30) од Виница. Според пријавеното, истата ноќ преку апликација на социјална мрежа упатувал закани на 61-годишниот татко на П.И. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 19.07.2026 во 14:00 часот во виничко, полициски службеници од ОВР Виница го лишија од слобода И.Н.(39), постапувајќи по претходна пријава дека на 18.07.2026 околу 23:00 часот во семејниот дом се обидел физички да ја нападне неговата 35-годишна сопруга, но бил спречен од нивните деца. За настанот е известен јавен обвинител од Јавното обвинителство Кочани и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 19.07.2026 во 14:05 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани извршија службен разговор со З.М.(39) од кочанско, постапувајќи по претходна пријава дека на 18.07.2026 околу 19:00 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 37-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 20.07.2026 во 01:11 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода Д.З.(52) од Штип. При сообраќајна контрола на ул.„Партизанска“ во Шти, полициските службеници сопреле патничко возило „ауди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.З. и по извршени проверки било констатирано дека возилото го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,98 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 19.07.2026 во 16:20 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино ја лишија од слобода 34-годишната Д.П. од Кратово. При сообраќајна контрола на улица „Индустриска“ во Неготино, било сопрено патничко возило „сеат“ со кратовски регистарски ознаки, управувано од Д.П. и по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека возилото го управувала без положен возачки испит. Возилото било одземено и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 19.07.2026 во 17:50 часот во Велес, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата го лишија од слобода Н.Б.(18) од Велес. При сообраќајна контрола на улица „Вардарска“ во Велес, бил сопрен мотоцикл со велешки регистарски ознаки, управуван од Н.Б. и по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека мотоциклот го управувал без положен возачки испит. Мотоциклот бил одземен и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 19.07.2026 во 18:45 во Велес, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата го лишија од слобода Т.П.(44) од Велес. При сообраќајна контрола на улица „Индустриска“ во Велес бил сопрен мопед со велешки регистарски ознаки, управуван од Т.П. и по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека мопедот го управувал пред да се стекне со право на управување. Мопедот бил одземен и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 19.07.2026 во 21:15 во Велес, полициски службеници Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата ја лишија од слобода 56-годишната Н.С. од Велес. При сообраќајна контрола на улица „Коле Неделковски“ во Велес бил сопрен мопед со велешки регистарски ознаки, управуван од Н.С. и по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека мопедот го управувала пред да се стекне со право на управување. По документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 19.07.2026 во 20:30 часот, 57-годишна прилепчанка пријавила дека во семејниот дом во Прилеп била физички нападната од нејзниот син Б.Ч., кој притоа со остар предмет и упатувал закани. По пријавата, пријавениот бил хоспитализиран во Јавната здравствена установа во Демир Хисар.
На 19.07.2026 во 21:35 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Љ.М.(67) од Гевгелија. Според пријавеното, тој агресивно се однесувал кон неговата 66-годишна сопруга, а претходната вечер во семејниот дом и физички ја нападнал, при што и нанел повреди на телото. Лицето е задржано во Полициската станица Гевгелија и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ноќеска (20.07.2026) во 03:45 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода М.М.(49) од Гевгелија. Според пријавеното, тој ноќта 19/20.07.2026 во негов имот во атар на Богданци физички ја нападнал неговата 44-годишна вонбрачна партнерка, при што и нанел повреди на телото. Лицето е задржано во Полициската станица Гевгелија и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Денеска (20.07.2026) во 02:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Б.(23) од с.Студеничани, скопско. При сообраќајна контрола на ул.„Алија Авдовиќ“ во Скопје, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Б. и по извршени проверки, било констатирано дека возилото го управувал пред да се стекне со право на управување. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 19.07.2026 во 22:20 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.Ќ.Љ.(33) од Скопје. При сообраќајна контрола на ул.„Самоилова“ во Скопје, полициските службеници сопреле патничко возило „форд мондео“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ќ.Љ и по извршени проверки било констатирано дека возилото го управувал пред да се стекне со право на управување. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 19.07.2026 во 20:10 часот во с.Јурумлери, скопско, полициски службеници лишија од слобода 16-годишник од с.Јурумлери. При сообраќајна контрола полициските службеници сопреле патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од малолетникот и по извршени проверки било констатирано дека возилото го управувал пред да се стекне со право на управување. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 19.07.2026 во 16:50 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.В.(53) од Куманово затоа што физички ја нападнал неговата мајка. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
На 19.07.2026 во 16:45 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.С. (34) од село во општина Старо Нагоричане затоа што со тврд предмет ја нападнал неговата 31 - годишна сопруга. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Ј.К.(52) од с.Саса, општина Македонска Каменица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама при добивање кредит или друга погодност“ и против Б.К.(57) од Кочани за „поттикнување“ во врска со „измама при добивање кредит или друга погодност“. На 08.05.2026 во канцеларија на подрачната единица на Агенција за вработување во Македонска Каменица, првопријавениот Ј.К. се претставил како Б.К. и во негово име приложил контролен картон за редовно пријавување на невработени лица. Имено, по преземени мерки било утврдено дека Б.К., кој бил корисник на паричен надомест за период од 01.02.2026 до 05.06.2026 од АВРСМ и бил должен лично да се пријавува во Центарот за вработување Делчево на секои 30 дена, го поттикнал Ј.К. да го пријавува и на тој начин се стекнал со имотна корист од 37.768 денари.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесена кривична пријава против К.С.(27) и М.С.(31), двајцата од с.Јакимово, виничко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекузори“. На 11.07.2026 на влез во с.Јакомово, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „фолксваген фокс“, управувано од првопријавениот, при што во возилото бил пронајден и одземен кокаин. Додека, подоцна во домот на пријавените биле пронајдени и одземени дигитална вага со остатоци од марихуана и кокаин, апарат за вакумирање и марихуана.
СВР Штип поднесе кривична пријава против С.Д.(27) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 20.06.2026 во Штип настанала физичка пресметка помеѓу пријавениот, негов сосед Б.Ј. и уште едно лице - пријател на соседот, при што пријавениот со остар предмет им се заканувал.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(40) од Пробиштип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“. На 03.07.2026 било приајвено дека пријавениот подолг временски период ја вознемирувал В.Н., нејзината сестра и мајка и со употреба на електрошок во два наврати од нив изнудил вкупно 110.000 денари.
На 19.07.2026 во 23:30 часот во СВР Скопје, Р.Џ.(38) од Скопје пријави дека околу 22:15 часот на паркинг на подрачјето на Центар, по претходна расправија, С.„Н“ (женско лице) со спреј ја испрскала во пределот на очите. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 19.07.2026 во 18:00 часот во СВР Скопје, од Јавна установа за згрижување на деца е пријавено дека, по претходна расправија, 15-годишнен малолетник физички нападнал 14-годишен малолетник, двајцата штитеници во установата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 19.07.2026 околу 20:00 часот во СВР Скопје М.Е.(37) од Скопје пријави дека околу 19:00 часот на подрачјето на Шуто Оризари, нејзините братучеди М.С., Ќ.С. и Ш.С. физички го нападнале нејзиниот малолетен син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 19.07.2026 во 18:00 часот во СВР Скопје, М.Ј.(29) пријави дека околу 14:45 часот кај Долна Матка, по претходно недоразбирање околу паркинг, бил физички нападнат од Н.И.(30) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 20.07.2026 во 00:15 часот на улица „Владо Малески“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода И.К.(36) од струшкото село Велешта затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеник кој преземал службени дејствија. По целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 19.07.2026 во 14:15 часот во охридско село, од слобода е лишен И.Ш.(45) од истото село, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 19.07.2026 во 04:05 часот, полицискли службеници од СВР Охрид го приведоа И.Н.(30) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом го нарушил јавниот ред и мир со гласна музика. Тој бил агресивен и кон полициските службеници кои преземале службени дејствија. Притоа, било констатирано дека тој има 1,78 промили алкохол во крвта.
На 20.07.2026 околу 00:50 часот во СВР Скопје, И.М. пријави дека на подрачјето на Драчево, Б.В. телефонски ја контактирал од телефонот на нејзиниот малолетен син и ја известил дека ги фатил нејзините две малолетни деца, кои претходно биле со група на малолетници кои играле и фрлале камења на улицата, по што ги внел во возило сакајќи да ги однесе во полиција и физички ги нападнал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 19.07.2026 околу 23:40 часот во СВР Скопје, 41-годишна жена пријави дека околу 23:00 часот во домот каде била со нејзиниот 36-годишен партнер и нејзиното малолетно дете, дошле нејзините два сина од претходниот брак и нивните девојки, по што физички ги нападнале, а настанот го снимиле со мобилен телефон, а на заминување го одзеле нејзиниот мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.