Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 21.07.2026

Извадок на дел од дневните настани 21.07.2026

 

На 20/21.07.2026  во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Р.Д.(31), Б.П.(24), Б.С.(37), М.Г.(24), Б.И.(22), сите од Скопје, како и Ј.Ќ.(23) од с.Грчец, скопско, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела грутчеста материја и марихуана. По целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 20.07.2026 околу 15:30 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на локалниот пат Кочани - Брана Гратче се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со кочански регистарски ознаки, управувано од И.Б.(51) од Кочани и велосипед управуван од Д.Ѓ.(65) од Кочани. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал велосипедистот, а лекар од Итната медицинска помош Кочани констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено во Судската медицина за обдукција. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кочани.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против против Д.К.(56) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 11.06.2026 на ул.„Димитар Влахов“ во Струга, пријавениот се обидел физички да нападне дете.

 

Денеска (21.07.2026) во 01:30 часот на Граничен премин Долно Блаце, на излез од државата, полициски службеници го лишија од слобода А.С.(51) од Турција, затоа што при извршена гранична контрола и проверки во оперативна евиденција било констатирано дека патничкото возило „мерцедес“ со германски национални ознаки, со кое допатувал, било барано по Интерпол. Лицето било спроведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.   

 

На 21.07.2026 околу 04:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Џон Кенеди“, целосно е опожарено патничко возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.С.(34). Од пожарот биле зафатени и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки сопственост на С.Х.(34) и патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки сопственост на А.С.(50). Исто така, од пожарот оштетен е и дел од фасада на зградата и прозорци од угостителски објект во близина. Пожарот е изгаснат од екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје. 

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против К.В.(32) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда’’. На 10.07.2026 во семејната куќа, по претходна расправија, пријавениот физички ја нападнал неговата мајка.

На 20.07.2026 во 12:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.,,Крсте Мисирков“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ф.(59) од Скопје и мотоцикл ,,хонда“ со скопски регистарски ознаки, управуван од К.Ќ.(59) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Јавната здравствена установа „Св.Наум Охридски“ Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

 

На 20.07.2026 во 16:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.,,Адем Демачи“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд фокус“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.И.(59) од Скопје и мопед управуван од Ќ.Д.(21) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Јавната здравствена установа ,,Св. Наум Охридски“ Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против С.Д.(75) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 20.03.2026 во атар на с.Ерџелија, светиниколско, пријавениот запалил сувата трева и трска и предизвикал пожар кој се префрлил и зафатил соседните парцели.

 

На 20.07.2026 во 17:00 часот, полициски службеници од Полициското одделение Матејче го лишија од слобода Б.С.(36) од Косово поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. Имено, за претходно пронајдено патничко возило „ауди а8“ со руски национални ознаки, пријавениот во полициското одделение приложил фалсификувани документи за возилото. За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување по што ќе следува соодветна пријава.

 

На 20.07.2026 околу 19:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Инџиково, скопско, патничко возило удрило во велосипед управуван од  Е.С.(25) од с.Морани, скопско и го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски“ Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот на возилото.

 

СВР Велес поднесе известување против малолетник од Неготино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 29.01.2026, полициски службеници извршиле преглед кај малолетникот при што пронашле и одзеле марихуана.

На 20.07.2026 во 18:00 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на ул.„Иван Трпески“ во Кичево, патничко возило „сеат“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од 26-годишната И.И. од Кичево, излетало од коловозот и удрило во бетонски столб. Во несреќата, И.И. и сопатникот А.И.(20) од Кичево, се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница во Кичево. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кичево.

 

На 20.07.2026 во 22:35 часот на ул.„Илинденска“ во Тетово, полициски службеници го лишиле од слобода Е.Р.(23) од с.Мала Речица, тетовско. При сообраќајна контрола, полициски службеници сопреле патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, кое тој го управувал и по извршени проверки било констатирано дека го управува возилото без да поседува возачка дозвола. Возилото е привремено одземено и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

 

На 21.07.2026 во 03:10 часот, полициски службеници од Полициското одделение Групчин го лишиле од слобода М.Д.(45) од тетовско село, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом во 01:00 часот, по кратка расправија, физички ја нападнал неговата 42-годишна сопруга и 21-годишниот син, при што употребил остар предмет. По целосно документирање на случајот, против М.Д. ќе бидат поднесени соодветни пријави.

 

ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.Ч.(46) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „незаконит риболов“. Тој го сторил делото на 25.05.2026 на крајбрежје од Охридското езеро во близина на реката Црн Дрим во Струга, каде е затекнат како во време на изречена забрана за риболов со риболовен алат - канџа врши лов на риба. При преглед, полициските службеници пронајдоа и одзедоа уловена риба крап и друг риболовен алат.    

 

На 20.07.2026 во 10:09 часот на бул.„1 Мај“ во Битола, полициски службеници го лишиле од слобода М.А.(36) од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле возило „фиат”со битолски регистарски ознаки, управувано од М.А., при што било констатирано дека го управувал без да поседува возачка дозвола. По документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

 

На 20.07.2026 во 11:25 часот на улица „Гоце Делчев“ во Кратово, полициски службеници од ОВР Кратово го лишиле од слобода А.М.(23) од Ранковце. При контрола на патниот сообраќај, полициски службеници запреле мотоцикл, при што било констатирано дека А.М. го управува без возачка дозвола. По целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Ѓ.С.(35) и Б.Ѓ.(46) поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „напад на службено лице“ и „помагање во врска со напад на службено лице“. На 10.07.2026 во Струга, првопријавениот физички нападнал полициски службеник од Регионалниот центар „Запад“, а му помогнал второпријавениот.   

 

На 20.07.2026 во 21:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.П.(44) од село Умин дол, кумановско.  При контрола на патниот сообраќај, полициски службеници запреле патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки  при што било констатирано дека Б.П. го управува возилото и покрај тоа што има активна забрана. По целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.

 

На 21.07.2026 во 00:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари, по претходна вербална расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.С.(56) и А.С.(56), од една страна и С.С.(45) и Е.С.(41), од друга страна, сите од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 20.07.2026 во 11:20 часот на улица „Гоце Делчев“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода А.А.(36) од Кичево. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „мерцедес“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал и притоа констатирале дека го управува и покрај тоа што имал забрана за управување на моторно возило од Б категорија. Возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик „безобѕирно управување моторно возило“.

 

На 20.07.2026 во 20:25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Карпош паднало дрво и со тешка телесна повреда се здобила К.М.(86) од Скопје, по што била пренесена во Јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Исто така, граѓанин пријавил дека, додека ја барал чантата на повредената, пронашол експлозивна направа, која подоцна била подигната од местото за понатамошна постапка. Известен бил јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на настанот.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против В.Р.(54) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“ и „загрозување на сигурноста“. На 29.05.2026 во станбена зграда, пријавениот физички нападнал сосед, при што употребил остар предмет, a потоа упатил закани кон неговата мајка.   

На 20.07.2026 во 15:45 часот во СВР Скопје, 34-годишен маж пријави дека на 17.07.2026 во домот на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат од неговата сопруга З.Џ., со која не живееле заедно, а која, исто така, му го оштетила и мобилниот телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.   

 

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Н.Б.(47) и В.Р.(38), двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“. На 15.01.2026 во атар на с.Беловодица, прилепско, полициски службеници ги затекнале пријавените како вршат бесправна сеча на дрва.

 

На 20.07.2026 во 14:05 часот во скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.Д.(33), постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 19-годишна сопруга и дека фрлал разни предмети кон неа. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 20.07.2026 во 12:10 часот на ул. „Коце Металец“ во Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода С.Д.(19) од Скопје. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, при што било констатирано дека С.Д. го управувал возилото пред да се стекне со право за управување на возило. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Б.Ј.(58) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. Пријавениот, во периодот од 24.03.2026 до пријавувањето на 18.06.2026 во повеќе наврати упатувал закани на неговата снаа за син. 

 

На 20.07.2026 во 13:10 часот на бул. „Борис Трајковски“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Н.М.(33) од с.Батинци, скопско. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, при што било констатирано дека Н.М. го управувал возилото пред да се стекне со право за управување на возило.  По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

 

На 20.07.2026 во ОВР Неготино било пријавно дека околу 11:00 часот во дворот на здравствена установа во  Неготино, З.Г.(55) од село Оризари, кочанско, додека извршувал работни задачи паднал и се здобил со тешка телесна повреда, констатирана од Итна медицинска помош Неготино. Увид извршила увидна екипа од ОВР Неготино и трудов инспектор.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против С.В.(49) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 24.03.2026 во с.Иванчишта, кичевско, полициски службеници извршиле претрес во семејна куќа на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени пушка „Црвена Застава“, патрони, пиштол „Црвена Застава“ и куршуми за кои не поседувал дозвола.

 

На 20.07.2026 во 23:55 часот на улица „Пано Мударов“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Р.Н.(39) од Неготино. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со неготински регистарски ознаки, управувано од Р.Н. и по преземени мерки било констатирано дека возилото го управувал под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,56 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица, возилото било одземено, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 20.07.2026 во 15:00 часот во Градско, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.П.(34) од Градско, постапувајќи по претходна пријава од неговиот 55-годишен татко дека во семејниот дом агресивно се однесувал кон неговите родители и му се заканувал на неговиот татко. По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека С.П. е под дејство на алкохол, односно измерени му се 3,35 промили алкохол во крвта.  Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Мени за пристапност