На 21/22.07.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Н.Г.(27), Ф.С.(31) од Скопје, М.Т.(49) од Сингелиќ, скопско и 16-годишен малолетник од Делчево затоа што кај нив се пронајдени и одземени грутчеста материја, прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.
Одделението за прекуграничен криминал миграции странци и реадмисија Куманово поднесе кривична пријава против С.С.Ф. (50) од Германија, К.С.(44) од Србија и против Х.Ф.А. (48) од Косово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа’’. На 18.07.2026 на Граничен премин Табановце, на влез во државата, пријавените на увид приложиле фалсификувана хрватска возачка дозвола, фалсификувана германска возачка дозвола и фалсификувана турска возачка дозвола.
На 20.07.2026 во Полициската станица Гевгелија, З.Ц.(61) од Гевгелија пријавил дека во нива на место викано „Ќупот“, гевгелиско, пронашол граната. Од пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување гранатата била подигната и било утврдено дека гранатата е со калибар 100 мм и потекнува од Прва светска војна.
Денеска (22.07.2026) во 01:10 часот во с.Морани, скопско, полициски службеници лишиле од слобода 17-годишник од с.Добрино, општина Зелениково. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, при што било констатирано дека малолетникот го управувал возилото пред да се стекне со право за управување на возило. Известен е јавен обвинител за малолетници, а возилото било одземено. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 21.07.2026 во 15:50 часот на Граничен премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Д.А.(37) од Турција затоа што при гранична контрола било констатирано дека пријавениот на увид приложил фалсификувани зелени карти за товарно возило „мерцедес“ со полуприколка со турски национални ознаки, со кое допатувал. За настанот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 20.07.2026 во Полициската станица Гевгелија, З.С.(42) од село Давидово, гевгелиско, пријавил дека во нива во атар на село Давидово пронашол граната. Од пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување гранатата е подигната и е утврдено дека е со калибар 75 мм и потекнува од Прва светска војна.
СВР Штип поднесе кривична пријава против К.Л.(34) од Германија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење на работа од безбедноста“. На 18.07.2026 на ул.„Гоце Делчев“ во Штип, пријавениот физички нападнал полициски службеник додека извршувал службени дејствија.
На 21.07.2026 во 14:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Ѓорче Петров“ и ул.„Македонски војски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Ш.Ш.(44) од с.Волково, скопско и патничко возило, кое го напуштило местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градска општа болница „8 Септември“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје и се преземаат мерки за проаноѓање на возачот и возилото.
На 21.07.2026 во 23:40 часот на крстосница помеѓу ул.„Мексичка“ со ул.„Љубљанска“ во Скопје, полициски службеници лишија го лишиле од слобода А.С.(30) од Скопје. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, при што било констатирано дека А.С. го управувал возилото пред да се стекне со право за управување на возило. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против Д.М.(43) од с.Ранковце, општина Ранковце, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 05.07.2026 пред продажно место во с.Ранковце, пријавениот упатувал закани на И.П.(38) и на неговото семејство.
На 21.07.2026 во 15:25 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода С.З.(29) од Радовиш. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле мотоцикл со радовишки регистарски ознаки, кој го управувала С.З. и по преземени мерки било констатирано дека го управува без да поседува соодветна категорија. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило”.
На 21.07.2026 во 20:40 часот од с.Чепигово, прилепско, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Г.Ц.(52) од с.Чепигово поради сомнение дека предизвикал пожар на отворено, при што изгорела сува трева на поголема површина. По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 21.07.2026 во 17:00 часот во СВР Куманово, лекар од Итна медицинска помош пријавил дека кај со нив тешки телесни повреди бил донесен С.Т.(65) од Куманово. Според пријавеното, тој со повредите се здобил при пад од зграда на булевар „Октомвриска револуција“ додека извршувал работни задачи. Тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 21.07.2026 во 09:00 часот на ул.„Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Н.К.(40) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „тешка кражба“ и „кражба“ извршени во изминатиот период на подрачјето на Гостивар. Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и по документирање на случаите против него ќе следува соодветна пријава.
На 21.07.2026 во 09:20 часот во с.Јегуновце, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово лишија од слобода 16-годишен малолетник од с.Радуша. Претходно, тој без возачка дозвола управувал патничко возило „фолксваген голф“ со германски национални ознаки и излетал од патот. Возилото е одземено и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 21.07.2026 во 12:30 часот во СВР Битола, С.М.С.(53) од Битола пријавила дека во с.Лавци, битолско, додека ја чистела плевната, пронашла граната. Од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола гранатата била безбедно подигната и било констатирано дека се работи за граната од Втората светска војна.
На 21.07.2026 во 16:10 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.А.(33) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава од неговиот 58-годишен татко дека пред три дена, по кратка расправија, физички го нападнал. С.А. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
На 21.07.2026 во 22:30 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода И.А.(50) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава од неговата 40-годишна сопруга дека, по претходно дадена изјава во Основно јавно обвинителство Тетово, ѝ се заканувал на нејзиното работно место во маркет во Тетово, како и во домот на нејзинито татко. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 21.07.2026 во 18:30 часот во ОВР Крушево, 52-годишник од Крушево пријавил дека во обложувалница во Крушево бил физички нападнат од неговиот брат П.Б.. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 21.07.2026 во 19:55 часот на ул.„Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Ѓ.С.(39) од Тетово. Претходно, тој без возачка дозвола управувал патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки и учствувала во сообраќајна незгода. Возилото е одземено, а лицето е задржано во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 22.07.2026 во 00:45 часот во с.Палатица, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Групчин ги лишиле од слобода В.И.(22) и А.Ш.(21), двајцата од с.Палатица, постапувајќи по претходна пријава дека на ул.„ЈНА“ во Тетово со остар предмет ги нападнале А.А.(24) и Б.А.(21), двајцата од с.Непроштено, при што Б.А. се здобил со тешки телесни повреди, додека А.А. со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Тетово. Тие се задржани во полициска станица и по целосно расчистување на случајот ќе следува соодветна пријава.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против В.Р.(56), З.П.(61), А.А.(61) и Т.Д.(49), сите од Вевчани, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување” и „несовесно работење на службата“. Првопријавениот В.Р., во својство на раководител на Подрачно шумско стопанство Јабланица - Струга, спротивно на своите законски овластувања и без овластување на директорот на ЈП „Национални Шуми“, склучил договор за позајмица со правно лице од струшкото село Велешта и со неизвршување на службена должност и вршење должен надзор не спречил и не санкционирал незаконско работење на останатите вработени во претпријатието. Второ и третопријавените, вработени во Јавно претпријатие „Национални шуми“ - Подрачно шумско стопанство Јабланица - Струга ја злоупотребиле својата службена положба и спротивно на своите должности и овластувања, не поднесувале примероци од испратници во сметководство и не евидентирале сеча во износ од 127,32 кубни метри буково огревно дрво, додека четвртопријавениот, исто така, вработен во претпријатието ја злоупотребил својата службена положба и спротивно на своите должности, во една испратница внесувал два вида на договори и двајца купувачи. Со тоа, пријавените на правното лице од селото Велешта му овозможиле до својот склад бесправно да го пренесе бесправно исеченото огревно дрво и на тој начин да се стекне со противправна имотна корист, а на штета на ЈП „Национални шуми“ во висина од 570.569 денари.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Македонски Брод поднесе кривична пријава против Р.Б.(65), А.Д.(42) и Е.Д.(39), сите од с.Пласница, општина Пласница поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 06.07.2026 на место викано „Курикамења“, првопријавениот упатувал закани на полициски службеници, додека второ и третопријавениот физички ги нападнале полициските службеници додека извршувале службени дејствија.
На 21.07.2026 во 21:30 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со Џ.А.(62) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 19.07.2026 во двор од семејна куќа со остар предмет упатувал закани кон неговиот сосед В.М.(79) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Регионалниот центар за гранични работи Исток поднесе кривична пријава против Ф.Ј.(44) од Турција и М.И.Г.(37) од Турција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. Пријавените, на граничен премин Деве Баир на увид приложиле фалсификувани зелени картони за возилата кои ги управувале.
ОВР Дебар поднесе кривична пријава против А.М.(51) од дебарското село Селокуќи и Ф.А.(22) од Албанија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 22.06.2026 во 15:48 часот на Градска депонија во Дебар, каде А.М. бил вработен, започнале расправија со две лица од Дебар и притоа второпријавениот, кој не бил вработен во депонијата, со алат нападнал еден од работниците и избегал.
На 21.07.2026 во 17:00 часот во с.Трубарево, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Ф.Ш.(30) од с.Трубарево, постапувајќи по претходна пријава дека агресивно се однесувал и упатувал закани со остар предмет на двајца негови поранешни работодавци, а притоа со остриот предмет им оштетил гума од патничкото возило. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против Ш.Љ. (45) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. Пријавената, телефонски и преку мобилна апликација упатувала закани на М.К..
На 21.07.2026 во 06:30 часот во струшкото село Велешта, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода З.В.(35) од истото село. На полициски службеници, кои пристигнале во неговиот дом по претходно пријавена расправија со член од неговото семејство, им била предадено пакување со бела прашкаста материја. По целосно расчистување и документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 21.07.2026 во 12:15 часот во СВР Скопје, 63-годишна жена пријави дека на 18.07.2026 во домот на подрачјето на Гази Баба била физички нападната од нејзиниот сопруг М.П.(72). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СВР Струмица поднесе кривична пријава против А.С.(62) од струмичко поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години’’. На 15.07.2026 пријавениот во семејната куќа извршил обљуба врз малолетничка.