Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 26.04.2026

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи
На 25/26.04.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода В.К.(53), А.И.(52), Т.Б.(46) и А.З.(41), сите од Скопје, Б.И.(26) од с.Буковиќ, Сарај, Д.Ф.(26) од Куманово, М.И.(22) и малолетник од Тетово, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја, марихуана, нож на расклопување и дробилка. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
 
На  25.04.2026 околу  07:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на сервисната улица која ги поврзува ул. „Бутелска“ и бул. „Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје , се случила сообраќајна несреќа помеѓу автобус „ман“ со скопски регистарски ознаки, управуван од М.А.(58) од с.Шишево, скопско и мотоцикл „пиаџо“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Ш.К.(23) од с.Љуботен, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
 
На 25.04.2026 во 16:10 часот од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје во СВР Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди била донесена С.Д.(74) Скопје. Според пријавеното, додека С.Д. се превезувала со автобус бр.9, кај Бит Пазар, возачот нагло закочил, при што С.Д. паднала и се здобила со повредите. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
 
На 25.04.2026 во 11:10 часот во Полициската станица Валандово е пријавено дека на ул. „Пионерска" во Валандово патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.С.(62) од Скопје, удрило во пешакот К.Л.(67) од Валандово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општа болница Гевгелија, а увид на местото изврши екипа на Полициската станица Валандово.
 
 
На 25.04.2026 во 21:20 часот во Струмица полициски службеници од СВР Струмица ги лишија од слобода М.И. (33), С.Р.(29) и И.Р.(42), сите од Струмица. При преглед кај нив, кај М.И. и С.Р. била пронајдена марихуана. За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
 
На 26.04.2026 околу 05:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Орце Николов“ и ул. „Никола Тесла“ во Скопје биле опожарени две возила: патничко возило „ауди“ со гевгелиски регистарски ознаки, сопственост на К.К.(58) и патничко возило „пежо 307“ со гевгелиски регистарски ознаки, сопственост на К.К.(25). Повредени лица нема, а од пожарот бил оштетен семафор на ул.„Орце Николов“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
На 25.04.2026 во 15:30 часот во ПС Кичево е пријавено дека на регионалниот пат Кичево – Демир Хисар, во близина на с. Видрани, од патот излетало патничко возило „фолксваген поло“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Т.С. (62) од с. Другово,кичевско. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт кај возачот, а по кажување на сопругата на возачот, која била во возилото, Т.С. се пожалил на болки во градите, по што му се слошило и со возилото излегол надвор од коловозот. По насоки од јавен обвинител, телото е дадено за обдукција.
 
На 25.04.2026 во 12:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека  настанал пожар во сендвичара на ул. „Кеј Македонија“ во Охрид. При тоа со изгореници се здобиле двајца вработени А.П. (39) од Охрид и М.Б. (30) од Битола, кои со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Медицински центар Охрид. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
 
На 25.04.2026 во 23:15  кај место викано ,,Бел Мост“, во атар на с.Волино, полициски службеници дале знак за запирање на товарно возило, управувано од Н.Т., со цел да се изврши контрола врз возилото. Но, Н.Т. не застанал туку со возилото се обидел да ги удри полициските службеници. При тоа од страна на полициските службеници биле испукани неколку куршуми, по што Н.Т. се дал во бегство, а возилото кое било натоварено со дрва е запленето. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
На 25.04.2026 во 18:45 часот во парк на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 16-годишен малолетник од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од З.К.(48) од Скопје дека на 24.04.2026 околу 18:00 часот на спортско игралиште на подрачјето на Центар во Скопје, 16-годишникот и уште неколку малолетници му ја одзеле ташната на малолетниот син на пријавителот, му го оштетиле мобилниот телефон, а потоа физички го нападнале него и неговиот другар. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
 
На 24.04.2026 во 21:50 часот во Градскиот трговски центар во Скопје, полициски службеници приведоа двајца малолетници од Скопје и Богданци, постапувајќи по претходна пријава дека тие, заедно со уште двајца малолетници извршиле кражба на производи од маркет во склоп на ГТЦ. При претрес кај нив се пронајдени производите, а биле пронајдени и нож и електрошок. По целосно документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
 
На 25.04.2026 во 10:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека пред хотел на подрачјето на Карпош во Скопје, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.М.(31) од една страна и В.Н.(34) и К.Н.(32), сите од Скопје, од друга страна. По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.
 
На 25.04.2026 во 22:00 часот во СВР Скопје, Т.М.(70) од Скопје пријави дека околу 21:00 часот на подрачјето на Чаир во Скопје, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
На 25.04.2026 во 22:00 часот во СВР Скопје, Б.И.(26) од с.Буковиќ, скопско пријави дека на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, бил физички нападнат од О.„Н“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
На 26.04.2026 во 00:15 часот во СВР Скопје, Н.П.(36) од Скопје пријави дека во казино на подрачјето на Аеродром во Скопје, по претходна расправија, била физички нападната од Љ.Д.(29) од Скопје. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.
 
На 25.04.2026 во 21:45 часот во СВР Скопје, 24-годишна жена од Скопје пријави дека околу 14:00 часот нејзиниот 28-годишен сопруг, со кој се во бракоразводна постапка, го земал нивниот малолетен син, а откако подоцна го вратил, забележала дека детето имало повреди на раката, по што го однела на лекарски преглед. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
На 25.04.2026 во 09:30 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје е пријавено дека на 20.04.2026 во 11:15 часот кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Н.М.(80) од с.Љуботен, скопско. Според пријавеното, со повредите се здобил во двор, додека го поправал неговиот трактор, кој се придвижил и го прегазил. На 25.04.2026 во 06:00 часот Н.М. починал, а телото на починатиот е предадено за обдукција.
 
На 26.04.2026 во 00:39 часот во ОВР Виница, од Итната медицинска помош е пријавено дека кај нив е донесен починат В.С.(47) од с.Лаки, виничко. Лекар констатирал смрт, a по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.

Мени за пристапност