Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 25.04.2026

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи
На 24/25.04.2026 во Скопје, на различни локации полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода О.Р.В.Ц.(27) од Велика Британија, Е.Б.(27), У.М.(19), Д.Г.(28), А.Н.(27) и Т.К.(20) сите од Скопје затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и бела грутчеста материја. По целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
 
 
На 24.04.2026 во 19:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на општина Аеродром по претходно недоразбирање во сообраќајот бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Х.Ч.(54) и Р.Ј.(54) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
 
На 25.04.2026 во 01:10 часот  во СВР Скопје С.Р.(31) од Скопје пријави дека на подрачјето на Гази Баба по претходна расправија била физички нападната од З.И.(43) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
 
На 24.04.2026 во 23:00 часот М.С. од Скопје пријави дека околу 19:00 часот на подрачјето на населбата Ченто пријавителот, А.Т. и Р.Т. по претходен договор се сретнале со Н.С. и Е.Ќ. Потоа Н.С. физички го нападнал М.С. и вперил пиштол кон него, но истиот бил закочен. Тројцата оштетени со трчање се оддалечиле од местото, но Е.Ќ. со тврд предмет трчал кон нив, а Н.С. кој бил со возило во движење испукал куршум кон М.С. но не го погодил, по што заедно со Е.Ќ со возилото го напуштиле местото на настанот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.    
 
На 25.04.2026 во 03:00  часот во СВР Скопје Ј.Ф.(26) од Скопје пријави дека околу 00:30 часот на подрачјето на Гази Баба бил физички нападнат од М.Б.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  
 
На 24.04.2026 во 12:00 часот во СВР Скопје К.К.(22) од Скопје пријави дека околу 06:50 часот на подрачјето на Карпош со тврд предмет бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  
 
На 24.04.2026 во 20:00 часот во СВР Скопје А.П.К.(47) од Скопје пријави дека околу 11:20 часот на подрачјето на Карпош нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  
 
На 24.04.2026 во 18:38 часот во СВР Скопје З.З.(44) од Скопје пријави дека во парк на подрачјето на Ѓорче Петров неговиот малолетен син бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
На 24.04.2026 околу 11:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с. Буковиќ, скопско додека извршувал градежни работи И.Т.(33) од с.Копаница, скопско добил струен удар и паднал на земја по што бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош.
 
Нa 25.04.2026 во 04:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар опожарено било патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки сопственост на К.М.(29) од Скопје. Од Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат. Повредени лица нема. Известен е јавен обвинител. Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
На 25.04.2026 во 07:40 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.Б.(48) од Скопје по претходна пријава дека на 24.04.2026 упатувал закани преку социјална мрежа кон неговата 45-годишна сопруга, а исто така и поради тоа што не го почитувал решението од судот со мерки. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
 
На 24.04.2026 околу 23:40 часот во ОВР Берово е пријавено дека во казино во Берово бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.Г.(39) од с.Митрашинци, беровско и А.М.(43) од Берово кој работел како обезбедување во објектот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
На 24.04.2026 во 11:40 часот во Кочани полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода К.А.(37) од Кочани поради тоа што при извршен претрес со судска наредба во деловни простории пронајдени биле и одземени: марихуана, бела грутчеста материја, бела прашкаста материја и две дигитални ваги. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
 
На 24.04.2026 во 21:50 часот во СВР Скопје С.Д.(24) од Скопје пријави дека на подрачјето на Шуто Оризари во автобус била нападната од Ш.С.(63) од с.Студеничани, скопско, по што истиот бил приведен во полициска станица. Исто така во 23:15 часот Ш.С. пријавил дека бил физички нападнат од С.Д.(21) од Скопје брат на пријавителката. Со него бил извршен службен разговор во полициска станица. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
 
Од страна на полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар од слобода бил лишен Т.Б.(29) од с. Здуње. По претходна пријава на 24.04.2026 година од страна на 42 годишен жител од Гостивар, кој пријавил дека пред неколку месеци на подрачје на Гостивар, непознато машко лице со возило „фолксваген џип“ црна боја, ја пресретнал неговата малолетна ќерка и со употреба на физичка сила извршил силување врз неа, упатувајќи и закани по нејзиниот и животот на нејзиното семејство. Исто така на 22.04.2026 година на социјални мрежи биле објавени експлицитни фотографии и видеа на ќерката на пријавителот. По преземени мерки лицето е пронајдено, извршен е претрес во неговиот дом како и уште еден дом на подрачје на с. Равен каде приведеното лице престојувало при што се одземени лаптоп, мобилен телефон, УСБ стик и други предмети. Лицето е задржано во полициска станица за понатамошна постапка по што ќе биде поднесена соодветна пријава.
 
На 24.04.2026 година, полициски службеници од СВР Охрид ја лишиле од слобода С.Г.(46) од струшко село, по пријава од нејзината 68 годишна мајка. Според пријавата, околу 13:30 часот, по претходна вербална расправија, таа и упатила закани. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 25.04.2026 во 04:40 часот во Скопје, на подрачјето на Драчево полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода В.С.(43) од Скопје по претходна пријава дека на 24.04.2026 околу 22:30 часот во домот физички ја нападнал неговата 38-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  
 
СВР Струмица – ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Гевгелија против Т.З. (37) од Стар Дојран, Б.К. (54) од Нов Дојран и А.А. (41) од Стар Дојран, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот закон. Според пријавата, на 29.04.2024 година пријавените, со неизвршување на своите службени должности во текот на управна постапка, постапиле спротивно на повеќе законски прописи, меѓу кои Законот за прогласување на Дојранското Езеро за споменик на природата, Законот за води и Законот за градење. Првопријавениот, во својство на овластен комунален инспектор во Општина Дојран, изготвил одобрение за градење за угостителски објект со хотелско сместување на инвеститор од Струмица, иако во основниот проект недостасувала задолжителна водостопанска согласност. Второпријавениот, вработен како самостоен референт во областа на урбанизмот и градежништвото, го контролирал и одобрил издаденото одобрение, и покрај утврдените недостатоци. Третопријавениот, кој во тој период ја извршувал функцијата градоначалник на Општина Дојран, го потпишал и го издал одобрението за градење.
 
СВР Струмица – ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Гевгелија против Р.Р. (62) од Стар Дојран, поради сомнение за „злоупотреба на службената положба и овластување“. Според пријавата, како директор на јавно претпријатие во периодот од април 2025 до јануари 2026 година, таа постапувала спротивно на законските прописи и ги пречекорила службените овластувања. По склучен договор за електронски систем за наплата на паркинг, пријавената побарала активирање на наплата на три паркинг-зони, меѓу кои и една без потребна согласност од надлежните институции. Со тоа, овозможила противправна имотна корист од околу 240.000 денари, на штета на повеќе граѓани.
 
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 17 годишно лице од Босна и Херцеговина за сторено кривично дело “тешка кражба” на дрзок начин, казниво по член 236 ст.1 т.3 од КЗ. Истата заедно со уште неколку лица на 24.04.2026 година на ул. “Цар Самоил” во Охрид извршиле неколку кражби на паричници од туристи. На лицето е одредена мерка притвор во времетраење од 30 дена. Се работи на целосно расчистување на случајот.
 

Мени за пристапност