Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 24.04.2026

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против С.М.(27) од Кочани и М.Ц.(22) од с.Облешево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и  пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 03.05.2025 полициски службеници извршиле претрес во домот и други простории, кај пријавените, при што била пронајдена и одземена марихуана.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Ј.(24) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „продолжено кривично дело измама“. Во текот на 2025 и 2026 година пријавената, преку профил на социјалната мрежа Фејсбук, со лажно прикажување на факти дека  располага со станови под закуп, довела во заблуда четири лица од Тетово, и од нив примала пари како капар за кирија, а по прием на паричните средства не ги обезбедувала ветените станови, со што се стекнала со противправна имотна корист во износ од 45.900 денари.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.Б.(32) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено  кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 21.02.2026 во Тетово, пријавениот, по претходна расправија со Б.М. со остар предмет му упатил закани, а потоа заедно со неговиот татко, физички го нападнал.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против В.Д.(41) од Скопје и Ж.Н. (54) од с.Брвеница, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење на службено дејствие“. На 16.01.2026 на Попова Шапка, пријавените со ратрак превезувале туристи, без лиценца и без договор со националниот парк, а при обид да бидат спречени во намерата, упатиле закани кон вработените од Националниот парк, а потоа В.Д. се обидел да ги прегази, при што со механичка корпа, удрил еден од вработените.

 

На 23.04.2026 во 23:50 часот во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат Гостивар -с.Градец, во с.Дебреше, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило ,,опел“ со скопски регистерски ознаки, управувано  од Н.А.(20) од с.Врањовце и  патничко возило ,,нисан“ со гостиварски регистерски ознаки,  управувано  од Х.И.(32) од с.Добридол. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Х.И., констатирани во Ургентен центар Гостивар, додека со телесни повреди се здобил возачот од патничкото возило „опел“ и неговата сопатничка С.У., констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.

 

На 23.04.2026 околу 14:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот Скопје-Тетово, во атар на с.Ласкарци, А.А.(33) од с.Дебреше, гостиварско, управувајќи патничко возило „опел“ со гостиварски регистарски ознаки, удрила во метална ограда. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила нејзината сопатничка Н.А.(72), додека со телесни повреди 14-годишна малолетничка, двете од с.Дебреше, гостиварско, констатирани во Клинички центар Тетово. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

 

На 23.04.2026 во 12:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „рено клио“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.М.(61) од с.Сарај, скопско, мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од А.А.(43) од Скопје и две паркирани возила, „шкода“ со скопски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“- Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

 

На 23.04.2026 во 13:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на скопската обиколница, во правецот од Тетово кон Велес, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ман“ со приколка со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Л.(42) од с.Ќојлија, скопско, товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Е.(40) од с.Студеничани, скопско и патничко возило „мицубиши“ со романски национални ознаки, управувано од М.Д.Б.(38) од Романија. Со телесни повреди се здобиле двајцата возачи на товарните возила М.Л. и А.Е.,  констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, а со телесни повреди се здобил и сопатникот од патничкото возило Р.И.(50), констатирани во Градската болница „Св. Наум Охридски“ Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

 

На 23.04.2026 во 08:30 часот на Граничен премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Ф.А.(40) од Скопје, затоа што при извршена гранична контрола било констатирано дека евидира со мерка „апси“ по барање на Интерпол. Ф.А. е предаден на полициски службеници од Полициска станица Чаир за понатамошна постапка.

 

На 24.04.2026 во 01:00 часот во СВР Скопје Ј.Д.(19) пријави дека на 23.04.2026 околу 18:20 часот на подрачјето на Центар бил физички нападнат од С.Д. и уште неколку други лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.    

 

На 23.04.2026 во 23:30 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа Б.Б.(43) од Скопје по претходна пријава дека физички го нападнал Д.О.Е.(21) од Р.Турција, со привремен престој во државата. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

 

На 23.04.2026 во 21:30 часот во СВР Скопје И.Т.(56) од Скопје пријави дека на 02.04.2026 на подрачјето на Карпош бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 23.04.2026 во 16:00 часот во СВР Скопје, 53-годишен маж од Скопје пријави дека на 22.04.2026 околу 08:00 часот во неговиот дом дошол Д.В. (сопруг на поранешната снаа на пријавителот), кој што претходниот ден физички го нападнал пријавителот, и му упатил закани по неговиот живот. Според пријавеното, Д.В. неколку месеци наназад го малтретирал пријавителот, а физички ја нападнал и неговата внука. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 23.04.2026 во 15:00 часот полициски службеници од ОВР Македонски Брод на место викано „Барбарас“ во Македонски Брод го лишија од слобода И.М.(68) од с.Дебреште, општина Дебреште.  При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници забележале возило „рено” со скопски регистарски ознаки, кое го управувал И.М., а во кое имало бесправно пресечена дрвна маса.  На даден знак да запре, возачот не ги почитувал дадените наредби и почнал со поголема брзина да се приближува до службеното возило на полициските службеници, при што еден полициски службеник со службеното оружје пукал во воздух. И.М. е приведен во ПС Македонски Брод и по документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 23.04.2026 во 13:40 часот во СВР Битола е пријавено дека на ул.„Карпош“ во Битола, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со битолски регистарски ознаки, управувано од М.Х.(43) од Битола и патничко возило „опел астра“ со битолски регистарски ознаки, управувано од М.И.(60) од с.Будаково, Општина Могила. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот од патничкото возило „опел астра“, додека со телесни повреди возачот од патничкото возило „фолксваген пасат“, констатирани во Клиничка болница Битола. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.

 

Денеска (24.04.2026) во 08:17 часот во СВР Скопје е пријавено дека на градилиште на ул.„Козјак“ во Скопје, при ископ на темели, со земја биле затрупани работници. Тројца работници се извадени и пренесени со возило на Итна медицинска помош во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, додека еден работник е пронајден починат, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 23.04.2026 на подрачјето на Гази Баба во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.Ј.(26) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

 

На 23.04.2026 во 10:30 часот во СВР Скопје од Јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски“ е пријавено дека кај нив бил донесен малолетник со повреда од остар предмет, а според пријавеното бил повреден во основно училиште во с.Арачиново од негов соученик. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

На 22.04.2026 во 13:40 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода Т.С.(31) од Штип, постапувајќи по претходна пријава дека извршил тешка кражба во куќа, сопственост на Е.Ш.(22), при што одзел пари и со тврди предмети го нападнал сопственикот. По наредба на јавен обвинител, изготвена и поднесена е кривична пријава по брза постапка до Основно ОЈО Штип, по што лицето Т.С., ќе биде изведено пред судија на претходна постапка пред Основен суд Штип.

 

На 23.04.2026 околу 18:45 часот додека тројца полициски службеници на подрачјето на Чаир извршувале службени дејствија со цел приведување на лице барано поради сомнение за сторено кривично дело, од страна на десетина лица биле спречени во извршување на службената задача. Бидејќи лицата се оглушувале на наредбите, од страна на полициските службеници во воздух се испукани предупредувачки куршуми. Се работи на расчистување на случајот.  

 

 

 

 

 

 

 

Мени за пристапност