СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ж.Д.(39) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 17.04.2026, полициски службеници извршиле претрес во домот во кој престојувал пријавениот во нас.Драчево, при што биле пронајдени и одземени дигитална вага со остатоци од амфетамин, три ножа со остатоци од амфетамин, пари во различни валути и апоени, амфетамин и МДМА.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.Н.(49) од Голема Речица, Е. М.(46) и А. М.(45) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 26.12.2025 пред угостителски објект во с.Брвеница, пријавените физички го нападнале Г.С. од с. Брвеница.
ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против Ш.М.(50) од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 10.04.2026 во дворно место од семејната куќа во Радовиш, пријавениот физички нападнал малолетник.
На 23.04.2026 на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.Б.(23) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 22.04.2026 во 22:00 часот на Граничен премин Долно Блаце, на излез од државата, полициски службеници го лишија од слобода К.М.С.(48) од Р.Турција. При извршена гранична контрола, било констатирано дека К.М.С. на увид приложил фалсификувана патна исправа, а при извршена дополнителна контрола, било констатирано дека во системот евидира со мерка „апси“ по барање на Интерпол, по што е задржан за понатамошна постапка.
На 22.04.2026 околу 17:00 часот, полициски службеници од Секторот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово, врз основа на судска наредба, извршија претрес во домот и помошни простории на А.К. (29) во населбата Дреновец во Тетово. При претресот е пронајдена и одземена дигитална вага со остатоци од кокаин. Тој е лишен од слобода и задржан во полициска станица за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 23.04.2026 околу 00:15 часот во СВР Скопје 18-годишна скопјанка пријави дека на 22.04.2026 на подрачјето на Шуто Оризари нејзиниот поранешен вонбрачен партнер М.К.(18) извршил обљуба врз неа. Според пријавеното, таа била во поодмината бременост. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 22.04.2026 во 11:40 часот во СВР Скопје М.М.(25) пријави дека на подрачјето на Кисела Вода едно лице му го одзело мобилниот телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 22.04.2026 во 14:00 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, од страна на полициски службеници од СВР Скопје била пронајдена Р.Б.(45) од Скопје, која на 20.04.2026 беше пријавена од нејзиниот сопруг дека се оддалечила со лице кое го познавала.
На 22.04.2026 во 18:40 часот во СВР Скопје А.П.(47) од Скопје пријави дека на подрачјето на Драчево неговиот малолетен син бил физички нападнат од негов соученик. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 21.04.2026 во 19:40 часот во СВР Скопје 48-годишно лице од Скопје пријави дека неговата малолетна ќерка била уценувана од малолетник, со кого претходно била во врска, дека доколку не ја продолжи врската, ќе објави експлицитни фотографии од неа. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 23.04.2026 во 07:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од бул.„Партизански одреди“ и бул.„8 Септември“ во Скопје патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 25-годишната Ј.П. од Скопје удрило во велосипед управуван од З.М.(58) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 23.04.2026 околу 01:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Центар А.Ѓ.(43) од Скопје бил нападнат со остар предмет од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.