Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 28.03.2026

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи
На 27/28.03.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Д.Т.(48) и Р.Д.(22), двајцата од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.    
 
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против Г.Ѓ.(58) и 17-годишник, двајцата од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „спречување службено лице во вршење службено дејствие“. На 04.03.2026 во два наврати во населба Баглак и во с.Кошари, пријавените со употреба на физичка сила и упатување на закани спречувале службени лица од Агенцијата за храна и ветеринарство Скопје при заловување, товарење и транспорт на крупен добиток.
 
ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против Б.К.(45) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори". На 02.07.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот , при што биле пронајдени и одземени марихуана и саксии со корени од растението канабис.
 
На 27.03.2026 во 19:05 часот на Граничен премин Блато, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Ц.A.(33) од Република Албанија затоа што по извршените извршени проверки било констатирано дека за лицето била распишана меѓународна потерница по барање на Интерпол Белгија. Лицето било предадено во Полициската станица Дебар за понатамошна постапка.  
 
СВР Струмица поднесе кривична пријава против М.Ш.(25) од с.Банско, струмичко поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори’’ и против И.К.(26) од с.Бориево, општина Босилово, за сторени кривични дела „овозможување на употреба на наркотични дроги“ и „безобѕирно управување со моторно возило“. Првопријавениот, на 09.10.2025 му продал марихуана на второпријавениот, кој подоцна истиот ден со друго лице заедно ја користеле дрогата, по што под дејство на марихуана управувал патничко возило и на тој начин ги прекршил прописите за безбедност во сообраќајот.
 
СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.Д.(40) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“, „запуштање и малтретирање на малолетно лице“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 07.03.2026, пријавениот пред домот на братот му упатувал закани, а по пристигнување на полициските службеници, при преглед на пријавениот му биле пронајдени и одземени два пиштоли и 39 парчиња муниција.  
 
ОВР  Кочани поднесе кривична пријава Х.Н.(24) и С.А.(23),  двајцата од Кочани, поради постоење основи на сомнение за  сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 17.04.2025, полициски службеници го затекнале првопријавениот како пред својот дом продал марихуана на второпријавениот, по што биле извршени прегледи кај нив и претреси во нивните домови и била  пронајдена и одземена марихуана.  
 
На 27.03.2026, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 15-годишник од Куманово. Тој се сомничи дека во различни временски периоди  одзел предмети од патничко моторно возило и деловен објект во Куманово. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
 
На 27.03.2026 во 22:40 часот на бензинска станица во Штип, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип ги лишија од слобода 21-годишната В.С.Д. од Штип и нејзиниот сопатник В.М.(23) од штипско, затоа што при извршен преглед на патничко возило „бмв“ со штипски регистарски ознаки, управувано од В.С.Д. е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  
 
На 27.03.2026 во 15:00 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Б.З.(30) од Велес поради сомнение дека со употреба на сила влегол во домот на Р.Т.(55) од Велес и одземал телевизор. Одземеното било пронајдено кај Б.З. и било вратено на сопственикот. Известен бил јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Велес. Тој бил приведен во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
 
На 28.03.2026 во 07:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во спортска обложувалница на подрачјето на Карпош во Скопје, едно лице со закана кон вработена одзело пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
На 28.03.2026 пред дискотека на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Е.А.(30) од с.Горна Бела Црква, ресенско и Х.Д.Е.(34) од Турција, постапувајќи по претходна пријава дека го нарушиле јавниот ред и мир и дека физички нападнале полициски службеници додека извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.  
 
На 27.03.2026  во 16:05 часот во СВР Скопје, В.Т.(26) од с.Волково, скопско, пријави дека на паркинг простор на подрачјето на Кисела Вода во Скопје, по претходно недоразбирање  околу паркинг простор, бил физички нападнат од едно лице кое употребило и остар предмет и му нанело повреда. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
На 27.03.2026 во 13:00 часот во СВР Скопје, А.А.А.(20) од Куманово пријави дека на 26.03.2026 околу 13:40 часот на автобуска постојка на подрачјето на Гази Баба, едно лице со употреба на физичка сила ѝ одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
На 27.03.2026 во 12:00 часот во СВР Скопје, од Казнено - поправна установа Затвор Идризово е пријавено дека во периодот од 10:00 до 12:00 часот, при извршен претрес врз осудени лица, кај осуденик Т.С.(57) е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
 
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Н.А.(28) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 23.02.2025, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.  
 
На 27.03.2026 во 13:00 часот во СВР Скопје, Д.Л.(44) од Скопје пријави дека во периодот од на 25.03.2026 од 23:00 часoт до 17:00 часот на 26.03.2026, пред угостителски објект на подрачјето на Кисела Вода бил одземен мотоцикл „пиаџо џилера“ со велешки регистарски ознаки. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
На 24.03.2026 во 15:30 часот во СВР Скопје, 45-годишник од Скопје пријавил дека бил измамен од едно лица за сума од 3.500 евра. Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како вработен во полиција и му понудил да му помогне да ги врати парите – 40.000 евра кои ги инвестирал во странска фирма во која бил вработен, а која претходно престанала да работи.  Како што е пријавено, откако не му била завршена работата, се посомневал дека лицето е измамник и пријавил во полиција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.К.(24) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотична дрога, психотропни супстанци и прекурзори“. На 23.10.2025, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што биле пронајдени и одземени амфетамин и марихуана.
 
На 28.03.2026 во 00:30 часот во СВР Скопје, 31- годишна жена од Скопје пријавика дека, откако се посомневала, ја однела нејзината 14-годишна ќерка на преглед на ГАК при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје,  каде што и било потврдена дека малолетничката била во поодмината бременост. Според приавеното, после тоа нејзината ќерка ѝ признала дека во текот летото во 2025 година доброволно имала полови односи со малолетник со кој била во врска. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

 

Мени за пристапност