Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 27.03.2026

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

 

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Е.Д.(29) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 15.03.2026 во Казнено - поправната установа Затвор Идризово, при претрес на пакет наменет за пријавениот, осуденик во установата, затворската полиција пронајде и одзеде марихуана и кокаин.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против И.С.(62) од с.Радолишта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“.  Во Струга, полициски службеници извршиле контрола на возило „фолксваген пасат“, управувано од пријавениот, кој вршел превоз на патници, при што било констатирано дека не поседувал лиценца за превоз на патници. 

 

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против М.А.(19), С.А.(18) и 15-годишник, сите од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. На 24.03.2026 на ул.„Дабничка“ во Прилеп, пријавените физички нападнале такси возач и му одзеле пари.  

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против А.Р.(38) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање дете“. Во периодот од 20.01.2026 до 25.02.2026, пријавениот ја запоставил родителската должност за грижа и воспитување на неговото дете, со што му овозможил да изврши повеќе кривични дела на подрачјето на општина Крива Паланка. 

 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.Ч.(29) од с.Романовце, кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 14.01.2026, полициски службеници дале знак за запирање возило кое го управувал пријавениот, но тој не застанал и со ретровизорот удрил полициски службеник и побегнал, а откако бил стигнат физички нападнал полициски службеник.

 

На 26/27.03.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.И.(40) од Скопје, Е.Д.(19) од с.Арачиново, скопско и Х.Ј.(24) од с.Горно Јаболчиште, општина Чашка, затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат  соодветни поднесоци.   

 

На 26.03.2026 во 19:15 часот во с.Камењане, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Камењане го приведоа К.А.(78) од истото село. Тој бил баран со  судска наредба за издржување затворска казна за сторено кривично дело по член 297 од Кривичниот законик. Тој е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

 

На 26.03.2026  во 13:49 часот во ОВР Пробиштип е пријавено дека на регионалниот пат Пробиштип-Штип, на влез во с.Бучиште, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген туарег“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од М.М.(51) од Злетово и патничко возило „рено лагуна“ со штипски регистарски ознаки, управувано од М.Л.(64) од Пробиштип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Л., додека со телесни повреди се здобил неговиот сопатник С.М., констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Пробиштип.

 

На 26.03.2026 во 09:45 часот во СВР Куманово е пријавено дека на пат пред средно училиште во Долно Којнаре, кумановско, автобус „ман“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од Б.Т.(61) од с.Алгуња, општина Старо Нагоричане, со кој се превезувале ученици, движејќи се наназад удрил во 16-годишна ученичка во училиштето од с.Старо Нагоричане. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила ученичката, констатирани во Општа болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.  

 

На 26.03.2026 во 14:43 часот во СВР Охрид е пријавено дека на паркинг простор на бул.„Туристичка“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Н.Б.(51) и велосипед управуван од Л.Д.(71), двајцата од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

 

На 26.03.2026 во 15:35 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека на регионален пат Кавадарци-с.Моклиште, кавадаречко, патничко возило „тојота“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од И.Б.(19) од Кавадарци, удрило во метална канделабра. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот И.Б., додека со телесни повреди се здобиле неговите сопатници Д.Т.(18), Љ.Г.(19) и М.С.(18), сите од Кавадарци, констатирани во Општа болница Кавадарци. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кавадарци.

 

На 26.03.2026 во 15:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Војвода Васил Чакаларов“ и сервисна улица во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 40-годишната С.Ѓ.Б. од Скопје и мопед, по што возачот со мопедот го напуштил местото. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 16-годишен сопатник од мопедот, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

На 26.03.2026 во 16:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„15 Корпус“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мицубиши“ и електричен тротинет, управуван од М.Д.(37) од Скопје, по што возачот со возилото „мицубиши“ го напуштил местото. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Д., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ - Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. 

 

СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.В.(49) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 21.03.2026, полициски службеници извршиле претрес на патничко возило, кое го управувал пријавениот и во неговиот дом и помошни простории, при што биле пронајдени и одземени хероин и кокаин. 

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Џ.Р.(43) од гостиварско село поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 10.03.2026, пријавениот агресивно се однесувал во семејниот дом и физички ја нападнал неговата сестра. 

 

СВР Велес поднесе кривична пријава против Б.Т.(58) од општина Чашка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. Пријавениот на негов профил на социјална мрежа прикачил видео запис на кој се гледа како тој во дворот од својот дом испукува куршуми во воздух.

 

На 27.03.2026 во 06:15 часот во кичевско село, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево го лишија од слобода В.Ј. (70) од Охрид. Тој бил баран по претходно распишана централна потерница врз основа на наредба од Основен суд Охрид за издржување затворска казна за сторени кривични дела по член 130 и член 144 од Кривичниот законик.. Лицето е спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Битола за издржување казната.

 

На 26.03.2026 во 16:00 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.С.(32) од Скопје затоа што околу 11:10 часот на подрачјето на општина Аеродром, по претходно недоразбирање во сообраќајот, со патничко возило „бмв“ удрил во тротинет кој го управувал З.И.(41) од Скопје, а потоа и физички го нападнал. По целосно документирање на случајот ќе следува кривична пријава по брза постапка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 од Кривичниот законик.  

 

На 26.03.2026 во 12:00 часот во СВР Велес е пријавено дека на ул.„Милан Војницалија“ во Велес, при вршење работни задачи, вработен во Јавно комунално претпријатие „Дервен“ од Велес пронашол експлозивна направа. Извршен е увид, а пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување ја подигнал експлозивната направа за понатамошна постапка.

 

На 26.03.2026 во 06:45 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен В.Ѓ.(50) од Скопје. Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фабрика на подрачјето на Кисела Вода. Извршен е увид и известен е трудов инспектор. 

 

На 27.03.2026 во 02:40 часот во СВР Скопје, А.Ч.(18) од Скопје пријави дека околу 00:00 часот во угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром, по претходна расправија, била физички нападната од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

На 26.03.2026 во 12:15 часот во СВР Скопје, Р.Д.(69) пријави дека во населба Стопански Двор со тврд предмет бил физички нападнат од С.Д.(47). По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 26.03.2026 во 15:30 часот во СВР Скопје, Ф.Р.(45) од Скопје пријави дека во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, кај Институтот за трансфузиона медицина, каде е вработена, А.И., кој се лекувал во установата, во два наврати се обидел да ја прегази со неговото возило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

 

Мени за пристапност