Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 26.03.2026

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

СВР Битола поднесе кривична пријава против А.А.(46) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана и дигитална вага.

 

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Т.М.(46) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 24.02.2026 на паркинг простор во Кочани, пријавениот физички го нападнал неговиот 13-годишен син.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Т.А.(19) од Радовиш поради постоење основи за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“. Пријавениот, во неговата семејна куќа во Радовиш  живеел во вонбрачна заедница со малолетничка од пехчевско село. 

 

На 24.03.2026 околу 22:30 часот на место викано „Маркова чешма“ во реонот на с.Ореовец, прилепско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Старавина при Регионалниот центар за гранични работи Jуг во кoординација со СВР Битола- ОВР Прилеп го лишија од слобода О.С.(33) од Прилеп. При контрола на патничко моторно возило „форд мондео“ со битолски регистарски ознаки, кое го управувал, пронајдени се и одземени огревни дрва за кои не поседувал никаква документација. Возилото и дрвата се одземени и се предадени на Шумска полиција. По преземени дополнителни мерки, во 22:50 часот во реонот на превој Плетвар полициските службеници пронајдоа и патничко возило „сааб“ со швајцарски национални ознаки без возач, во кое, исто така, биле пронајдени огревни дрва. И ова возило со дрвата е предадено на Шумска полиција. Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.  

 

ОВР Валандово поднесе известување против малолетник од Валандово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 31.10.2025, пријавениот продал марихуана на едно лице од с.Пирава, валандовско.

 

На 25.03.2026 во 15:55 часот во СВР Тетово е пријавено дека на бул.„Маршал Тито“ во Тетово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(34) од с.Челопек, тетовско и мотоцикл „јамаха“ без регистарски таблички, управуван од Д.Т.(27) од с.Брвеница, тетовско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово.

 

На 25.03.2026 околу 13:30 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека околу 12:55 часот на крстосница од ул.„Деко Ковачев“ и ул.„Миле Пецанов“ во Гевгелија се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „кимко“ со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од К.Ч.(52) од Гевгелија и мопед со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, по што малолетникот со мотоциклот го напуштил местото, но набргу е пронајден и со него бил извршен службен разговор во присуство на родител. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил К.Ч., констатирани во Јавна здравствена установа Гевгелија. Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Гевгелија.

 

На 25.03.2026 околу 20:20 часот во СВР Велес е пријавено дека на ул.„Васил Антевски Дрен“ во населба Превалец се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.М.(20) од Велес и мопед со велешки регистарски ознаки, управуван од З.Т.(22) од с.Клуковец, велешко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од мопедот, И.З.(28) од с.Горно Врановци, додека со телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општа болница Велес. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Велес.

 

На 25.03.2026 во 12:10 часот на Граничен премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Н.Б.О.(37) од Турција затоа што при гранични проверки и пасошка контрола е констатирано дека на увид приложил фалсификувана зелена карта за товарното возило „форд“ со полуприколка, кое го управувал. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка. 

 

На 25.03.2026 во 11:45 часот на Граничен премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода O.A.(37)  од Турција затоа што при гранични проверки и пасошка контрола е констатирано дека на увид приложил фалсификувана зелена карта за товарното возило „форд“ со полуприколка, кое го управувал. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.  

 

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција– Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција поднесе кривична пријава против М.А. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,малтретирање во вршење на службата“ предвидено и казниво по член 143 од Кривичниот законик. Пријавениот М.А. на работно место „полицаец“ во ПС Кичево при СВР Охрид, на 12.02.2026 на кружниот тек помеѓу бул. „Ослободување“ и ул. „Рудничка“ во Кичево, додека извршувал работни задачи во содејство со уште еден полициски службеник извршил малтретирање на лице, така што откако забележале нарушување на јавниот ред и мир од страна на две групи лица, во еден момент кога истите престанале со нарушување на јавниот ред и мир и не давале отпор кон пријавениот, М.А. неовластено употребил физичка сила кон едно од лицата. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против М.А. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе изрече задолжителни мерки одземање на службеното оружје и муницијата, упатување на задолжителен психијатриски и психолошки преглед и отстранување – суспензија од работното место до завршување на дисциплинската постапка.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Е.Е.(39) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 19.03.2026 на наплатна рампа во Гостивар, полициски службеници извршиле претрес над пријавениот, при што забележале дека од раката фрлил пакување со хероин, кое било пронајдено и одземено.  

 

На 25.03.2026 полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода Н.К.(30) и А.Ќ.(25), двајцата од село Лојане, липковско. Тие се сомничат дека во село Лојане физички го нападнале С.А.(23) од Египет и му одзеле пари и мобилен телефон. Двајцата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.

 

На 25.03.2026 во 23:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош, Д.Е.(24) физички го нападнал Н.Т.(36), двајцата од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

На 25.03.2026 во 20:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека пред казино на подрачјето на Карпош бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Р.Е.(50) од с.Сарај, скопско и М.К.(35) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 25.03.2026 во 16:05 часот во СВР Скопје, Ј.И.(27) од Скопје пријави дека околу 12:30 часот во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде извршувал работни задачи како болничар, бил физички нападнат од негов колега болничар Ф.И.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 25.03.2026 во 18:10 часот во СВР Скопје, В.Г.(57) од Скопје пријави дека околу 16:20 часот на подрачјето на општина Аеродром, додека се движела со велосипед, едно лице кое управувало мопед ѝ го одзело ранецот со паричник, лични документи и други предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.   

 

На 25.03.2026 во 21:00 часот во СВР Скопје, Љ.Б.(48) од с.Визбегово, скопско, пријави дека околу 19:30 часот во с.Визбегово, неговиот 14-годишен син бил физички нападнат од О.В.(19). По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 26.03.2026 во 00:21 часот во СВР Скопје, од КПУ Затвор Идризово е пријавено дека настанал пожар на кров од објектот на затвореното одделение-амбуланта. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Извршен е увид и се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.

Мени за пристапност