Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 25.03.2026

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

 

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Р.З.(54) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори’’ и „овозможување на употреба на наркотични дроги“. На 15.02.2026, полициски службеници извршиле претрес во домот и други простории на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага со остатоци од марихуана. При претресот, биле затекнати две лица на кои пријавениот им овозможил да користат марихуана.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против М.У.(46) од Берово поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „загрозување на сигурноста“. На 25.02.2026 на ул.„Партизанска“ во Берово, пријавениот упатил закани кон З.П. и неговата сопруга, двајцата од Берово, а потоа физички го нападнал З.П.. Додека, пак, на 26.02.2026 на ул.„23 Август“ во Берово, пријавениот упатувал закани кон две вработени во Јавната установа Меѓуопштински центар за социјални работи во Берово.

 

СВР Велес поднесе кривична пријава против Н.Џ.(34) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „измама при добивање на кредит или друга погодност“. На 30.09.2025 во стан во Неготино, пријавениот фотографирал лична карта на едно лице и без негова согласност во негово име аплицирал и му бил одобрен кредит од финансиско друштво, по што подигнал 149.000 денари.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.М.(22) од с.Градец, општина Врапчиште, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „одземање на моторно возило“. Во текот на јули 2025 година, пријавениот од нива во   атар на с.Пирок, тетовско, одзел патничко возило „фиат уно“ без регистарски ознаки, сопственост на А.„Н“. и на 14.08.2025 на ул.„Илинденска“ во Тетово предизвикал сообраќајна незгода. 

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Т.Н.(61) од Македонска Каменица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Пријавениот, во 2008 година, зафаќајќи две негови парцели и две парцели во сопственост на државата во Македонска Каменица, противправно и без соодветно одобрение изградил објект од втора категорија, кој го опремил и ставил во функција како угостителски објект. После тоа, во периодот од октомври 2018 до септември 2019 доградил и отворена тераса со настрешница и кровна конструкција.

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Л.Т.(19) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 08.10.2025 во угостителски објект во с.Марино, скопско, полициски службеници извршиле преглед на пријавениот, при што бил пронајден и одземен пиштол марка „Екол Туна“ калибар 8 мм и рамка за пиштол.

 

На 24.03.2026 во 15:43 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Ферид Мурати“ во Скопје, патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 46-годишната А.М. од Скопје, удрило во 12-годишник од с.Страхојадица, општина Зелениково. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

 

На 24.03.2026 во 09:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„10“ во с.Арачиново, скопско, патничко возило „форд фокус“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 13-годишник, удрило во 14-годишник, двајцата од с.Арачиново. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 14-годишникот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

 

На 24.03.2026 во 13:10 часот во СВР Тетово е пријавено дека на бул.„Маршал Тито“ во Тетово, патничко возило „рено“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Љ.С.(56) од Тетово, удрило во 11-годишен пешак од Тетово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово.

 

ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против А.К.(42) од Кавадарци и Г.С.(27) од с.Војшанци, неготинско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги“. Првопријавениот, на 28.03.2025 на второпријавениот му продал амфетамин, кој пак првично во возилото, а потоа и на место викано „12 - те другари“ во с.Ваташа, кавадаречко, им овозможил на две други лица да го користат. На 29.03.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот и помошни простории на првопријавениот, при што биле пронајдени и одземени амфетамин, марихуана и МДМА таблета.

 

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Ќ.Д.(46) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Пријавениот, како директор на основно училиште во с.Муртино, на новопримените наставници како приправници им доделувал наставници ментори кои немале статус на ментор. На тој начин во 2024 година им овозможил остварување на противправна имотна корист во висина од околу 83.500 денари на наставниците кои немаат статус на ментор.

 

На 24.03.2026 во 13:30 часот на ул.„Вoн Вардарска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово, врз основа на судска наредба, го приведоа Б.С.(45) од с.Прељубиште за издржување казна затвор за сторено кривично дело по член 300 од Кривичниот законик. Тој е спроведен во Казнено - поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

 

На 24.03.2026 во 12:00 часот во с.Боговиње, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово, врз основа на судска наредба, го приведоа И.Н.(30) од с.Боговиње за издржување затворска казна за сторено кривично дело по член 235 од Кривичниот законик. Тој е спроведен во Казнено - поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

 

На 24.03.2026 во 15:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон на зграда паднал К.А.Е.(19) од Република Турција. Тој, со тешки телесни повреди е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 24.03.2026 во 14:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во магацин во круг на фабрика на подрачјето на Кисела Вода, на Д.Д.(40) од Скопје, додека бил на работно место, му се слошило и починал. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по насоки од јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.   

 

На 25.03.2026 во 04:00 часот во СВР Скопје, В.Е.(70) од Скопје пријави дека на 24.03.2026 околу 18:00 часот на подрачјето на Гази Баба, во домот на неговиот сосед В.Д.(39), по претходно недоразбирање, истиот физички го нападнал, при што пријавителот се здобил со тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 23.03.2026 во 20:00 часот во СВР Скопје, Ф.И.(41) од с.Батинци, скопско, пријави дека во с.Батинци, неговиот 15-годишен син бил физички нападнат од неколку малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Мени за пристапност