СВР Битола поднесе кривична пријава против З.Б.(33) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги“. На 28.01.2025 во Битола, пријавениот набавил марихуана и метамфетамин, по што во возило на неговиот татко, му овозможил на 37-годишен битолчанец да ја користи дрогата.
СВР Велес поднесе кривична пријава против Љ.К.(58) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 05.10.2025 на регионалниот пат Велес - Извор, на место викано „Пашин мост“, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „фолксваген пасат“, кое го управувал пријавениот, при што во возилото биле пронајдени и одземени ловечка пушка и муниција.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против правно лице од Свети Николе, Б.К.(34) - одговорно лице во правното лице и С.С.(21), двајцата од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „точење алкохолни пијалоци на дете“ и против А.П.(37) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „попречување на правдата“. На 12.04.2025, во периодот од 20:00 до 23:00 часот во угостителски објект во Свети Николе, второпријавениот со пропуштање на должен надзор овозможил и дозволил да се врши точење на алкохол на деца, а третопријавениот С.С., вработен како келнер, со алкохол послужил тројца малолетници. Додека, четвртопријавениот, на 13.04.2025 ги избришал снимките од видео надзорот во угостителскиот објект.
На 23.03.2026 во Скопје, во парк на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода С.А.(44) и А.П.(36), двајцата од Скопје, затоа што во нивна близина е пронајдена и одземена грутчеста материја. По целосно документирање на случајот, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
СВР Битола поднесе кривична пријава против М.Ф.(59), М.Р.(48), Д.Ф.(45) и Ј.Ф.(41), сите од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна верска и друга дискриминаторска основа“ и „поттикнување“. На 03.02.2026 на пат во близина на Битола и во Битола, пријавените организирале ненајавен собир, каде со поголема група на граѓани го блокирале сообраќајот и упатувале закани кон припадници на Министерството за внатрешни работи. Истиот ден во домот на четвртопријавениот во Битола, третопријавениот упатувал навреди кон министерот за внатрешни работи, при што четвртопријавениот го снимал со мобилен телефон.
На 23.03.2026 во 18:15 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на ул.„Бањешница“ во Гостивар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.Ф.(56) од Гостивар и мотоцикл „кросер“, управуван од А.Ф.(19) од Гостивар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Ургентен центар Гостивар. По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.
На 23.03.2026 во 19:20 часот на регионалниот пат Тетово-Јажинце, на влез за с.Рогачево, општина Јегуновце, патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Џ.А.(20) од с.Јажинце, општина Јегуновце, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Д.З.(20) од с.Јажинце, додека со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничка болница Тетово. По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против У.Б.(58) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 10.03.2026 во Дебар, пријавениот физички нападнал малолетник од Дебар, при што употребил и тврд предмет.
На 23.03.2026 во 21:00 часот во с.Чегране, гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Е.Ш.(31) од истото село поради сомнение за сторено кривично дело „противправно одземање патничко возило“ по член 242 од Кривичниот законик. Притоа, кај него во дворот е пронајдено патничко возило „опел корса“ со гостиварски регистарски ознаки, кое беше пријавено за одземено на 16.03.2026. Возилото е вратено на сопственикот, а Е.Ш. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
На 23.03.2026 во 16:15 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишија од слобода А.М.(23) и Б.З.(30), двајцата од Велес, поради основи на сомнение дека од помошна просторија и возило на 51-годишен велешанец одзеле разни предмети. Дел од одземеното било пронајдено и ќе биде вратено на сопственикот. Тие биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 23.03.2026 во 22:00 часот во гостиварско село, полициски службеници од Полициското одделение Галате го лишија од слобода Г.А.(45) од селото, постапувајќи по претходна пријава од 36-годишна жена дека неа и нејзината малолетна ќерка ги следел, вознемирувал им упатувал закани и им барал пари. Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
На 23.03.2026 во 17:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода С.Д.(34) од Куманово затоа што на бул.„Трета македонска ударна бригада“ се обидел да одземе делови од паркирано патничко возило. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
На 23.03.2026 во 23:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода С.Р.(34) , А.М.(31), А.М.(27), Ј.К.(38), сите од тетовско, С.А.(40) од с.Черкезе, кумановско и Н.М.(62) од Гостивар затоа што на подрачјето на Куманово организирале борба на кучиња. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.
На 23.03.2026 во 23:00 часот во СВР Скопје од Градската општа болница „8 Септември“ е пријавено дека кај нив бил донесен Ф.Љ.(23) од с.Кондово, скопско, со повреди нанесени од остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.