Регионалниот центар за гранични работи Исток поднесе кривична пријава против У.О.(46) од Република Турција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 03.06.2026 на Граничен премин Деве Баир, при пасошка контрола и гранични проверки пријавениот на увид приложил фалсификувани зелени карти за товарното возило со приколка кое го управувал.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против И.С.(36) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 16.05.2026 во Крива Паланка, по претходна расправија, пријавениот физички го нападнал Т.С.(54) од Крива Паланка, при што тој изгубил воздух и се онесвестил.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.К.(30) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „демнење’’. Пријавениот ја следел неговата поранешна девојка и на 06.06.2026 пред нејзиниот стан во Тетово ѝ упатувал закани на неа и на нејзиниот вујко, и покрај тоа што претходно за истото дело тој е осуден условно на две години од Основен суд Тетово. Имено, со пресудата му биле изречени и мерки за забрана да ѝ се заканува, да ја вознемирува, телефонира или на друг начин да комуницира со неа, како и да не ѝ се доближува на растојание од 100 метри од нејзиниот дом и од местото каде работи.
На 09.06.2026 во 22:10 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода М.С.(24) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава дека околу 20:45 часот во угостителски објект во Тетово го нарушил јавниот ред и мир со агресивно и недолично однесување кон присутните. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 09.06.2026 во 18:35 часот на кеј „Македонија“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Р.В.(38) од Охрид, затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои преземале службени дејствија. По целосно документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против М.Д.(52) од Берово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 01.06.2026 во семејниот дом во Берово, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга, при што употребил метален предмет и ѝ нанел телесни повреди.
На 09.06.2026 во СВР Велес е пријавено дека околу 15:00 часот на улица „Браќа Капчеви“ во Велес, А.А.(47) од Велес, управувајќи мопед „кимко“ со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Велес. Увид извршила увидна екипа од СВР Велес.
На 10.06.2026 во 01:46 часот во СВР Скопје е пријавено дека настанал пожар во куќа покрај стариот пат Китка- с.Батинци, скопско, сопственост на М.И.(23) од Скопје. Пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Во текот на денот ќе се врши увид.
На 09.06.2026 во 23:20 часот во СВР Скопје, В.Т.(42) од Скопје пријави дека на подрачјето на Кисела Вода бил физички нападнат од Т.Ц.(45). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против С.С.(42) од Берово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 01.06.2026 во семејниот дом во беровско, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга и ѝ нанел телесни повреди.
На 09.06.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.Б.(23), Б.Ј.(21) и Х.Г.(20), сите од Скопје, затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 09.06.2026 во 11:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот на подрачјето на општина Аеродром била пронајдена почината Д.А.(59). Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по насоки од јавен обвинител телото на починатата било дадено за обдукција.
На 09.06.2026 во 11:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека во основно училиште во с.Црешево, скопско, каде била вработена, на В.Ѓ.(57) и се слошило и починала. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по насоки од јавен обвинител телото на починатата било дадено за обдукција.
На 09.06.2026 во 11:00 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.С.(34) од Скопје затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија, им упатувал закани, а потоа и физички нападнал еден полициски службеник. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.