СВР Струмица поднесе кривична пријава против А.П.(28) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори’’. На 12.03.2025, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Струмица извршиле претрес на две локации каде пријавениот престојувал, при што биле пронајдени и одземени MДМА, марихуана, хашиш, семки од растението канабис и др.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Н.Р.(35) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 14.05.2026 во Гостивар, пријавениот физички нападнал полициски службеник кој вршел службени дејствија.
На 08.06.2026 во 10:09 часот во Полициската станица Виница, лекар од Итна медицинска помош пријави дека кај нив со повреди здобиени при несреќа со трактор бил донесен В.А.(71) од с.Драгобраште, виничко, кој им подлегнал на повредите и покрај укажаната лекарска помош и извршена реанимација. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани увидна екипа на ОВР Виница извршила увид на местото. Притоа, било констатирано дека на 06.06.2026 во вечерните часови на локален пат во с.Драгобраште В.А. излетал од патот со тракторот кој го управувал, по што заминал дома без да побара лекарска помош. На 08.06.2026 околу 09:00 часот неговиот син го однел во болницата во Виница за укажување лекарска помош, од каде што бил препратен во болницата во Кочани, но по кратко време му се слошило и од екипа на Итна медицинска помош Виница бил направен обид за реанимација, но тој им подлегнал на повредите. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
На 08.06.2026 во 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Црешево, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од М.К.(29) и патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 40-годишната М.Т., двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.К., констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“- Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 08.06.2026 во 18:00 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од Полициските станици Гостивар и Тетово го лишија од слобода К.М.(36) од село Дебреше, тетовско. Тој се сомничи дека на подрачјето на Полициската станица Гостивар извршил повеќе кривични дела „кражба“. Тој е задржан во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случаите, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 08.06.2026 во 10:45 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека на крстосница од ул.„Крсте Мисирков“ и ул.„Кочо Рацин“ во Свети Николе се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со светиниколски регистарски ознаки, управувано од Т.Д.(41) од Свети Николе и патничко возило „фолксваген“ со кочански регистарски ознаки, управувано од И.А.(47) од с.Облешево, општина Чешиново-Облешево. Во несреќата со тешки телесни повреди од возилото „шкода“ се здобила 68-годишна сопатничка М.М., а со телесни повреди се здобил другиот сопатник Д.М.(67), двајцата од Свети Николе, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Свети Николе.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Х.Д.(22) од с.Мала Речица, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво’’ во обид. На 03.06.2026 во угостителски објект во Тетово, пријавениот со закана со пиштол побарал од вработениот да му ги даде парите, а откако тој одбил и му рекол да излезе, помеѓу нив настанала физичка пресметка, при што Х.Д. со кундакот од пиштолот го удрил вработениот.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Валандово поднесе кривична пријава против Р.Ј.(80) од гевгелиско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години’’. На 31.05.2026 во валандовско село, пријавениот извршил полови дејствија врз 14-годишник од валандовско.
На 08.06.2026 во 11:25 часот во СВР Охрид e пријавено дека при извршување градежни работи на кров на една од зградите на Меѓународниот аеродром „Св. Апостол Павле“ во Охрид, паднал и со тешки телесни повреди се здобил еден работник, кој бил пренесен во болницата „Св. Еразмо“. Полициски службеници излегле на местото и констатирале дека се работи за З.П.(44) од Кавадарци. Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот.
На 08.06.2026 околу 19:00 часот во СВР Скопје од приватна здравствена установа од с.Арачиново, скопско, е пријавено дека кај нив бил донесен починат И.Ш.(73) од с.Грушино, скопско. Полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со братот на починатиот, кој изјавил дека при стартување на трактор, на кој имало поставено собирачка за сено и кој бил ставен во брзина, тракторот почнал да се движи, при што И.Ш. го зафатила собирачката. На пат кон здравствената установа, тој починал. По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на семејството.
На 08.06.2026 околу 18:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Орман, покрај реката Лепенец, бил пронајдено човечко тело во фаза на распаѓање. Полициски службеници извршија увид, а по насоки на јавен обвинител телото, кај кое е пронајдена картичка од автобус на име Ј.М.(70) од Скопје-женско лице, е предадено во судска медицина за обдукција.
На 08.06.2026 во 16:30 часот во СВР Скопје, 43-годишна жена пријави дека на мобилна апликација биле споделувани експлицитни фотографии од нејзината малолетна ќерка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 08.06.2026 во 18:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода настанал пожар во куќа сопственост на В.А.(57). Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Извршен е увид.
На 08.06.2026 околу 14:40 часот во СВР Скопје, од Клиниката за гинекологија и акушерство при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ е пријавено дека кај нив со повреди била донесена 29-годишна жена од скопско. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 08/09.06.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Б.С.(40), А.Б.(26) и Д.Н.(33), сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 08.06.2026 во 23:40 часот на Велешко езеро, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при ОГРМ го лишија од слобода Б.М.(47) од Велес, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.